Пунтот се наоѓа во Винарницата „Домен Лепово„ во областа Курија-Неготино

„Винарската Визба „Тиквеш“ ги известува сите заинтересирани производители на грозје дека од 29.08.2019 година отвора нов пункт за откуп на грозје од бербата 2019. Новиот откупен пункт е лоциран во винарницата „Домен Лепово“ во областа Курија, Неготино.

Пунктот ќе работи секој ден од 9.00 до 18.00 часот, а грозјето ќе се откупува според објавениот ценовник на ВВ „Тиквеш“, при што ќе важат истите услови за откуп како и во останатите откупни точки на „Тиквеш“.За склучување на Договор за купопродажба на грозје неопходно е ден пред откуп на грозјето, да донесете копија од лична карта, трансакциона сметка и имотен лист во ВВ Тиквеш.

За повеќе информации јавете се на 075 499 407 и 075 499 408.

Ова е наведено во денешното соопштение од ВВ „Тиквеш„ кое на e-mail  го добивме денеска.

 

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА