ГРК Тиквеш се подготвува за претстојното првенство во кое влегува со амбиција за највисок пласман. Пред официјалниот старт на Првата лига Група 2 каде ке игра ТИКВЕШ , нашите ракометари ке настапат на неколку и пријателски средби како проверка за формата.

А формата според Зоран Јосифов- член на Управата на Клубот и еден од најактивните за враќање на ракометот  кај нас  и Димитар Влаинков- тренер е одлична, впрочем и ние можевме да се увериме дека тоа е така деновиве.

Првенствито започнува викендот на 14, 15 септември.ГРК Тиквеш првата средба ја паузира, а прв првенствен натпревар ке им биде со РК Преспа.

-Ростерот со кој треба да се хране првиот тим изнесува 18 до 19 играчи,и доста силен; Јане Јанчев се врати,Окардов и Велков се вратија од Вардар Неготино, земрни се двајца двајца нови ракометари од Неготино; Коцев и Арсов, Георгиевски од Борец-центарлен бек од Велес,задржан е Димитар Минов, Грозданив се враќа,Орце Лазов останува ,Петар Пејовски останува. Значи костурот на тимот се задржува.Единствено останува болна точка десната бековска позиција.Димовски и Витанов- си заминаа и со Тиквеш е ставен во тешка ситуација особено со заминувањето на Димовски- еден од најперспективните играчи во земјата.

Останува стариот стручен штаб.Влаинков е главен тренер. Наместо Леов сега доаѓа Грозданов.Тука е Борче Ѓорѓиев задолжен за голманите.Тиквеш годинава се очекува да има кадетска екипа ви лигите на РФМ.

Потребна е голема подршка.Фудбалот и Кошарката тоа го покажаа тоа а се надеваме дека и ракометот ќе има подржка од бизнис секторот и публиката која ќе доаѓа на натпреварите ,кои годинава се очекува да бидат за неколку степени поквалитетни од лани.

( разговор со Зоран Јосифов- член на Управатa на ГРК Тиквеш).

09999877777777.jpg

 

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА