Одбележувањето на Денот на ослобудувањето на Демир Капија, 7ми Ноември започна со полагање на свежо цвеќе и оддавање почит пред спомениците од паднатите борци за слобода во Демиркаписко. Празникот 7- ми ноември, е од историско значење за жителите на ова  општина. На овој ден пред точно 75 години, во далечната 1944 година, Демир Капија била ослободена од фашистичкиот окупатор и нашите предци со неизмерна радост го дочекале доаѓањето на слободата. Истрајноста и љубовта кон родниот крај, биле главниот двигател кој во тие тешки мигови ги водел храбрите борци да успеат во битката и да ја извојуваат скапоцената слобода. Многумина од нив, борејќи се бестрашно во првите борбени редови, ги положија своите животи за нашата слобода.

Вчера на споменикот кај село Прждево беше положено свежо цвеќе по повод одбележувањето на 75 годишнината од значајните настани од НОВ во 1944 година, со акцент на случувањата на овој терен, односно крвавата одмазда кон стреланите цивили во селата Бесвица и Прждево и обесените партизани.

На ден 01.ноември годинава  Советот на општина Демир Капија ја одржа дваесет и петата седница на која беа разгледани и усвоени дванаесет точки од дневниот ред.

Општина Демир Капија во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, обезбеди финансиски средства за асфалтирање на улица Маршал Тито во Демир Капија во вкупна должина од 1.440 метри и широчина од 6 метри. Асфалтирањето се изврши од клучка Демир Капија до градскиот плоштад и од детската градинка „Борис Трајковски“ до стариот мост на река Бошава во Демир Капија.

Асфалтирањето го изврши ЈП Македонија пат.

Одржан натпреварот помеѓу КМФ Лозар КМФ Биџо Куманово.

КМФ ЛОЗАР (1946) одлично ја почна новата сезона со резултат од 5:2 против екипата на КМФ БИЏО КУМАНОВО.

Стрелци за нашата екипа: Цветан Стоевски x2 Иван Рутев x 1 Велков Тоше x 1 Александар Трајков x 1

Честитки до играчите на КМФ ЛОЗАР и благодарност до нашата публика која не подржуваше целиот натпревар

   Членовите на Кајакарскиот клуб Просек од Демир Капија беа на прием кај Градоначалникот на општина Демир Капија Лазар Петров и разговараа за возобновениот Кајакарски клуб Просек и постигнатите голем број резултати.


Во текот на месец септември, Општина Демир Капија и Јавното комунално претпријатие Бошава, обезбедија донација на нова Вертикална црпна пумпа за вода.

Општина Демир Капија во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, обезбеди финансиски средства за асфалтирање на дел од Обиколницата во Демир Капијаво должина од 1150 метри и широчина од 6 метри. Асфалтирањето го изврши ЈП Македонија пат. Покрај ова претходно од страна на ГП Гранит АД Скопје се изврши тампонирање на дел од обиколницата кај раскрсницата со новиот мост и кај раскрсницата со улица Првомајска.Со овој зафат им се овозможи безбедно движење на пешаците и моторните возила.

Од 1 -ви Август 2019 година, започна со имплементација проектот „Зголемување на пазарната вработливост“ финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементиран од Паладиум Груп. ИМЕ ќе ги поддржи компаниите во три сектори: Земјоделие, Авантуристички Туризам и Информациски технологии, со посебен фокус на зголемено учество на жените и младите во овие сектори.

На ден 26.09.2019 година советниците на советот на општина Демир Капија ја одржаа 24 седница на која беа разгледани и усвоени тринаесет точки од дневниот ред.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА