Вчера во село Бистренци беше извршен технички прием на објект за воспоставување на центар за ран детски развој.

Во рамки на овој проект е опфатено згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, односно на возраст од 3 до 6 години, со цел обезбедување на правилен психо-физички и социо-емотивен развој на децата. Површината на делот од подрачното училиште изнесува 58 м2 и истиот е финансиран од страна на UNICEF.

Градежните работи ги изведе АНОЛ – ИМПЕКС од Скопје, под надзор од СКИПИ ДООЕЛ од Битола. Извршено е отстранување на подот од дрвен патос и е заменет со ламинат, отстранети се постоечките дрвени врати и заменети се со нови PVC врати, исто така заменети се и постоечките дрвени прозорци со нови PVC прозорци, извршена е замена на електричната инсталација, комплетно уредување на санитариите, поставување на нови керамички плочки во санитариите, ходникот и на надворешните скали, санација на ѕидни површини и нивно бојадисување, извршени се канализациони работи, поставена е климатизација и греење. Во најскоро време овој центар ќе биде предаден во употреба.

Со реализација на овој проект директно ќе се влијае врз подобрување на квалитетот на живот на населението и локалниот економски развој на општината, особено во населените места, а исто така ќе се отворат можности и за нови работни места.

62519375_2415309792034085_7636530823851671552_n.jpg

 

64289075_2415309478700783_4193666459349549056_n.jpg

 

 

64217373_2415309432034121_846913842205163520_n.jpg

 

 

62519375_2415309792034085_7636530823851671552_n.jpg

 

 

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА