Вчера на споменикот кај село Прждево беше положено свежо цвеќе по повод одбележувањето на 75 годишнината од значајните настани од НОВ во 1944 година, со акцент на случувањата на овој терен, односно крвавата одмазда кон стреланите цивили во селата Бесвица и Прждево и обесените партизани.

Од името на Општинската организација на Сојузот на борците и граѓаните продолжувачи од Неготино присутните гости ги поздрави Петар Стефанов.На положувањето на свежо цвеќе беа присутни Никола Стојанов претседател на главниот одбор на сојузот на борците од народно ослободителната војна на Македонијаи граѓаните продолжувачи со неговите соработници,Лазар Петров Градоначалник на општина Демир Капија, Ивана Лазова претседател на советот на Општина Демир Капија, Тони Делков Градоначалник на општина Неготино,Претставници од Армијата на Македонија, Претставници на Полициската станица Неготино,Делегациите на општинските организации на сојузот на борците од Виница, Радовиш, Струмица и Валандово, Делегацијата на Социјалдемократскиот сојуз од Неготино, Делегацијата на Здружението на пензионерите од Неготино, Претставници на општинската организација на Црвениот крст од Неготино.За позначајните настани од НОВ во 1944 година, а посебно за случувањата на 6 октомври 1944 година пред присутните се обрати Атанас Најдов претседател на Општинската организација на сојузот на борците и граѓаните продолжувачи од Неготино. На собирот се обрати и Претседателот на Главниот одбор на СЗБМ Никола Стојанов.

71920341_2498849653680098_6983167213234552832_n.jpg72348729_2498849710346759_5370582868202356736_n.jpg71759798_2498849423680121_3717127807654952960_n.jpg

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА