На турнирот учествуваат 20 екипи на фудбалери


Добра игра на гостите.Заслужена победа на струмичани,кои најверојатнио се нови членови на Првата македонска лига

Фудбалската сезона ГФК Тиквеш  ја завршува  како петти на табелата во Втората лига- исток со 37 бода.За следната натпреварувачка сезона  се најавува  борба за влез во Прва лига.

Соопштение на навивачката група Лозари исток 91 доставено  до РТК.МК

По неколку порази, конечно победа на  ГФК Тиквеш 1930 пред своитре симпатизери во Кавадарци.На Градскиот стадион во Градскиот парк кавадаречките фудбалери ја поразија екипата на Осогово со 2: 1.Фудбалерите на Тиквеш- играа подобро од кочанчани, имаа повеќе шанси а не искористија и пенал.Головите за ГФК Тиквеш ги постигнаа Шоковски во 2-рата и  Митрев во 75 минута.РТК.МК вршеше директен пренос со коментар на Бранко Трајковски-Сачмо.Негов гостин беше познатиот фудбалски стручњак Љупчо Димитковски-Гањо.

Економот-домаќин  Илија Ацев е човек кој над 40 години е во ГФК Тиквеш.Тој го одржува теренот  Градскиот стадион,води грижа за облеката,опремата,чистотата на просториите,вари чај во зима, и други работи за потребите на клубот.

Пријател е со  фудбалерите, со нив комуницира  непосредно,на ТИ е со  претседателот на Управниот одбор,има многу пријатели меѓу публиката, другар е со сите.Никогаш за него нема откажување.Дури и кога едно време сите му го завртија грбот на најстариот фудбалски клуб.Без плата долго  време доаѓаше на Градски и го одржуваше.Таков е ЧИ ИЛе...како му викаат многумина.Скромен,а со свое мислење и став.Малкумина знаат дека тој во младоста бил со ракометот   но најмногу од се му лежи фудбалот.Ретко за него новинарите пишуваат.Ние решивме и да го снимиме.Погледнетеја видео сторијата за него:

РТК.МК продожува со серијалот за Легендите на ФК Тиквеш.Во фаза на подготовка е емисија со неприкосновениот фудбалер и тренер Благој Бошковски

ФК Беласица е нов член  Првата фудбалска лига .Во Кавадарци во саботата го победија  ГФК Тиквеш со 0:5

По повод обвинувањата со кои ГФК Тиквеш се соочи по средбата со ФК Борец 1919 денеска  преку  РТК.МК до јавноаста  ,Управата на клубот го упатува следното соопштение

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА