По  јавното објавување деновиве, веќе е јасно дека школата на Реал  -Мадрид  за лица од 7 до 17 години  ке се одржи во Кавадарци во јуни 2019 година.Неа можат да ја посетуваат и машки и женски , а ке  се спроведува по   најдобри фудбалски искуства и упатства во светот, на најтрофејниот  фудбалски клуб Реал од Мадрид.ГФК Тиквеш  ке биде домаќин  на кампот во Кавадарци, а ке се одржат уште два во Македонија.

Малку публика на Градскиот стадион во Градскиот парк вчера ,бледа игра на второлигашот особено  во второто полувреме, но трите бода и победата  сепак останаа во Кавадарци.ГФК Тиквеш-Плачковица 1-0 .Единствениот гол во 30 минута го постигна  Иван Ивановски

Во прoектот се вклучени : Кит –Го, Работнички и ГФК „Тиквеш 1930“.Компанијата Кожувчанка  од Кавадарци е главен спонзор.

Сигурна игра,и победа над лидерот на табелата на 2ФЛИ.Во вторник во 15.30 противник на ГФК Тиквеш е  ФК Плачковица 

Четири голови во мрежата на Вардар Неготино.Ги постигнаа; Најдов два гола, потоа Ивановски и Лазаров.Вистински фудбалски празник кој ке се памети. Честитки за тренерот Љупчо Димитковки- Гањо, сите играчи,особено стрелците, Мојсов, и одбраната. Напред Тиквеш, чесно и поштено.

По подолго време  на Градскиот фудбалски стадион во Градскиот парк „Љупчо Шкартов„- беа задоволни и играчите и публиката.Секако повод беше  убавата игра и трите гола во мрежата на гостите,кои патем се први на табелата на 2 ФЛ Исток.Претседателот Масларков- доволен  од целата претстава на Градски , тренерот Димитковски  уверен дека тоа што го прави е исправно уште од лани.„Очекувано ,ни изјави , - дека ова победа за него не е изненадување.

-Тиквеш ќе продолжи и понатаму со борбена игра сите 90 минути, и за нас секој противник е важен, мора да извојуваме позитвен резултат, а пред се да победиме-вели Димитковски, кој денеска по натпреврот скомно, без еуфорија, го напишти Градски  а потоа  со своите играчи  и Управата на клубот ја прославија ова голема победа на Тиквеш.

Да  резимираме: ГФК Тиквеш беше убедлив во ова пресметка со лидерот Борец.Во ова 18 коло во Втората лига – Исток, го порази велешкиот тим со  со 3-0 а можеше и со поголем резултат.

 Амбиент на Градскиот стадион во Кавадарци, одличен.Над 1.500 гледачи , навивачите „Лозари Исток„ со останатата публика беа 12 играч.Позитивната атмосфера  беше навистина вредно да се почувствува .Првиот гол во 27. минута го постигна  Марјан Ристовски а Роберт Митев постигна два погодоци во 48. и во 57. минута за триумф од 3-0.

 Според новите  правила, веќе во вторник започнува новиот циклус на натпревари со второлигашите  од Исток.ГФК Тиквеш во 15.30 на Градски  се среќава со екипата на ФК  Плачковица.Поддршката од пубиката е неминовна.

РЕЗУЛТАТИ -18. КОЛО

Брегалница – Каменица Саса 2-1

Детонит јуниор – Партизан Обршани 0-0

Кит Го – Кожуф 0-0

Тиквеш – Борец 3-0

Вардар Неготино – Плачковица 0-0

Со посредство на стрим преносот на РТК.МК , ова фудбалска престава беше следена од голем број наши сограѓани и други љубители на фудбалот од Кавадарци и оние  кои живеат и работат  во земјите од Европа и светот.

Oдамна во Кавадарци на Грдскиот стадион во Кавадарци немло толку публика. Наша проценка е околу 3.000 гледачи.

ГФК Тиквеш игра првенствена средба од 2ФЛ Исток со ФК Борец од Велес.Се работи за најдобрите две екипи во ова натпреварување во 2 лига.Миле Масларков-претседател на Управата на ГФК Тиквеш , Љупчо Димитковски--тренер , Ѓорѓи Мојсов- капитен и Дарко Илиевски-фудбалери  прогнозираат победа и очекуваат полн стадион.Тоа  ќе биде додатен стимул за победата која на Тиквеш му е повеќе од потребна .

РТК.МК ке врши директен стрим пренос .

Фудбалерите; Мојсов, Вареловски у Јанев- очекуваат сигурна победа и полна трубина за поддршка.Тренерот Димитковски во изјава за РТК.МК  само потврдува дека неговиот план полека се остварува.Тиквеш нема да калкулира со  ништо освен со добри игри и освовање на три  бода од секоја од останатите 7 средби до кракот на првенството.

Навивачката група Лозари Исток, подготвува изненадување на ова средба.

Kako што ветија :Фудбалерите на Тиквеш и тренерот Димитковски, ГФК Тиквеш од средбата  со  Партизан и од Обршани се  враќаат со три бода. Трите бода залужено одат на контото на ГФК Тиквеш.Головие ги  постигнаа Марјан Ристовски и Ѓорѓи Мојсов.Засега се оди според планот.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА