Сигурна игра, добар фудбал- дожд цел натпревар во ЃорчеПетров, но и дожд од голови ГФКТиквеш –Лабуништа 6:3

Фудбалерите на Тиквеш од Кавадарци со победа од 6-3 против Лабуништа го заверија финалниот бараж против Силекс од Кратово кој се игра во среда на 5 јуни за најелитното прволигашкото друштво на истиот стадиони во исто време( 16.30 )

Победата на ГФК Тиквеш во ниту еден моментн не беше доведена во прашање,напротрив Кавадарчани водеа цела средба .Играта на Тиквеш беше сигурна со добри однапред подготвени додавања, и приоигруцање од кои и поаднаа головите. На средбата беа досудени три пенали, од кои два за Лабуништа и еден за Тиквеш.

Тиквеш серијата на погодоци ја најави со голот на Илиески во 8. минута.Капитенот Ѓорѓи Мојсов постигна одличен гол од слободен удар во 15. минута за 2-0, а Ивановски во 20. минута зголеми и на 3-0. Пред полувремето, Клечкароски во 28. минута успеа само да ја намали предноста на противникот.

Во вториот дел од средбата Тиквеш со погодоците на Мојсов, Делов и Митрев ја верифицираа убедливата победа. За Лабуништа погодија уште Реџепи и Клечкароски од пенал во 89. минута за конечни 6-3.

Мора да ја кажеме дека Тиквеш имаше голема поддршка од верните ЛОЗАРИ-ИСТОК, и други граѓани кои го неколку автобуси и автомобили дојдоа во Скопје да го поддржат Тиквеш. ГФК Тиквеш на сите им се заблагодарува.Навивачката група-Лозари -Исток, сите нејзини подгрупи беа во најголем број присутни на стадионот и останаа верни до крај не напуштајќи ги трибините во Ѓорче , затоа што сите 90 минути   врнеше дожд.Секоја чест за сите навивачи.

Кратко по средба им честиравмe на дел од играчите и Управата за играта и победата, а тренерот Димитковски за исход од натпреварот го прашавме пред почетокот на мечот, кратко ни рече дека ќе победиме  - тоа и се случи. Средба со новинарите клубот најави за утре( понеделник) во 11часот.

 Управата на клубот  ГФК Тиквеш-се погрижи се да биде во најдобар ред-организирано и без инциденти. Полицијата која го обезбедуваше натпреварот речиси и да немаше работа, што за ваква средба , и добар податок.

РТК.МК поради големиот интеререс вршеше директен пренос и постигната е рекорна гледаност на настан во живо. По понеделник на ВЕБ порталот и на ЈУ-ТЈУБ и на ФБ прифилот на РТК ке ги прикажеме сите голови и атмосферата на средбата, а во вторник ке имате можност репризно да ја погледате целата средба ТИКВЕШ-ЛАБУНИШТА.

Финалниот бараж за влез во Првата лига меѓу Тиквеш и Силекс се игра во среда (5. јуни).И ова средба РТК.МК планира директно да ја пренесува.

 

4.jpg2.jpg

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА