Учесниците на Лондонскиот фудбалски турнир, младите фудбалери на ГФК Тиквеш(родени 2006 година)  денеска во Собранието на Општината ги примија  градоначалникот Митко Јанчев и претседателот   на Советот Ристо Сакалиев.На приемот беше и претседателот на  на ГФК Тиквеш Миле Масларков.

На турнирот во главниот град на Англија учествуваа 36 екипи од популарни англиски клубови.Нашите  се претсавија во одлично светло,покажувајќи добра игра и примерно однесување.Честитки за управата на ГФК Тиквеш, спонзорите кои помогнаа да  се реализира учествто на турнирот, и се разбира признание и благодарност до иницијаторите  и помагачите на нашитте млади фидбалери во Лондон меѓу кои најзаслужен е Стевче Кислов, кој подолго време живее во Лондон  и работи во познат лондонски фудбалски клуб, чија доверба во фудбалерите, беше оправдана.

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА