Големиот светски Фудбалски клуб -Реал Мадрид со Фондација преку лиценцираниот партнер во Македонија, „Еуроспорт Арена“, стартува новиот голем проект за организација на фудбалски кампови со фудбалските клубови во државата.

Годинава организатори на проектот „Реал Мадрид Фондација Клиник“ се ФК Работнички ,ФК Кит-Го и ГФКТиквеш 1930.

Тој  се реализира исклучиво во соработка со фудбалски клубови и школи во Македонија со фудбалските клубови Работнички, Кит-Го и ГФК Тиквеш, која ќе се реализира истовремено, од денеска 17 до 21 јуни, со фудбалски кампови во Скопје, Штип и во Кавадарци.Според принципите на „Реал Мадрид Фондација Клиник“, младите фудбалери од македонските клубови и школи ќе имаат можност да уживаат во уникатен пристап за обука и спортски вредности и ќе се стекнат со неверојатно фудбалско искуство, додека тренерите од фудбалските клубови Работнички, Кит-Го и Тиквеш, ќе бидат вклучени во кампот и ќе работат според уникатниот пристап и методи за обука на „Реал Мадрид Фондација Клиник“ – вели Влатко Тодев, прв човек на „Еуроспорт Арена“.

-„ГФК„Тиквеш е дел од овој проект на „Реал Мадрид Фондација Клиник“ .Клубот ќе стори се за нашата младинска школа, а и сите други фудбалери кои ќе имаат желба, да уживаат максимално и да ги научат тајните на фудбалот од врвните тренери на „Реал Мадрид Фондација Клиник“ во нашиот град“ .

РТК.МК беше денеска на првиот трениг час на кој учествуваа 55 деца-заинтереирани за фудбал.


64400047_675353072915571_6656313287111606272_n.jpg

64377146_675352889582256_9179057092575625216_n.jpg

 

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА