Oва школа се  реализира во соработка со фудбалски клубови и школи во Македонија , конкретно со фудбалските клубови Работнички, Кит-Го и ГФК Тиквеш,  истовремено, од  17 до 21 јуни, со фудбалски кампови во Скопје, Штип и во Кавадарци.

Во Кавадарци под стручно раководство на Мигел-Ангел од Реал Мадрид  пет дена  53- запишани деца од различни возрасти, тренираа исклучиво според методологијата на големиот Реал Мадрид и неговите фудбалски школи во светот.Според принципите на „Реал Мадрид Фондација Клиник“, младите фудбалери имааа можност да уживаат во уникатен пристап за обука и спортски вредности и  се стекнаа со неверојатно фудбалско искуство.Видовме , како екипа на РТК.МК ,дека тренерите  од фудбалскиот клуб Тиквеш, кои  беа   вклучени во кампот  работеа според уникатниот пристап и методи за обука на „Реал Мадрид Фондација Клиник“-„ГФК„Тиквеш  е задолен што беше дел од овој проект на „Реал Мадрид Фондација Клиник“ .Клубот стори се  нашите младински школи, а и сите други фудбалери кои ќе имаа желба, да уживаат максимално и да ги научат тајните на фудбалот од врвните тренери на „Реал Мадрид Фондација Клиник“ во нашиот град“ .

Денеска Мигел  Ангел на сите учесници на школата им врачи сертификати за успешно завршена школа , а двајца или тројца од кавадаречката школа ке бидат одбрани и бесплатно ке  бидат учесници на фудбалски камп наесен во Мадрид.ГФК Тиквеш беше одличен домаќин.

Генерален спонзор на Real Madrid Foundation Campus Experience Macedonia беше  Компанијата Кожувчанка од Кавадарци.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА