Ako сакаме во Прва лига  ГФК „Тиквеш  1930 “ мора да ја подобри  ефикасноста и да има резултат кој носи бодови.Поразот од Кожуф е пример за тоа.

 

ФK Кожуф, иако немаше   некоја посебна игра, сепак ги користеше грешките на Тиквеш, и од обични доаѓаше до гол шанси.

Полн стадион на Градски-интерес голем, публика околу 1.000 гледачи, сите желни за победа за полни позитивни батерии.По вториот пораз на свој терен ,   а со амбиција за влез во Прва лига, некако стивнува еуфоријата иако сеуште е рано за црни сценарија. Сепак,сега не е време за фрлање на ракавицата.Треба да се направи стратегија за брза поправка на на грешките, но пред се истите треба да се лоцираат.Нив ги има пред се во фудбалерите.ДА се одреди вистинската игра , која никогаш 100 посто не може да носи бодови, но Тиквеш треба барем да созаде допадлив и сигурена игра, фудбал кој ке носи победи или поволни резултати.

Треба да се повлечат вистинските потези и чекори, и смели одлуки. Кога го велиме ова мислиме пред се на реорганизација на играта-која во саботата беше слаба и бескрвна.

Тиквеш  загуби од ФК Кожуф со 0 : 1.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА