Тренерот на ФГК Тиквеш 1930 Љупчо Димитковски Гањо поднесе оставка на функцијата тренер од морални причини, по нерешениот резултат остварен со екипата на Плачковица во Радовиш.

Иако  пред овој наторевар  беше одржан состанок  со Градоначалникот Јанчев  ,Управата ,фурбалерите и навивачите,  на која тој и останатите  донесоа одлука за заедичка сплотеност и средување на односите  за влез во Прва лига, тој чуствува дека  не е се како што треба и по одредени инсинуации кои ги доби како сознание на двете средби ова недела , за состојби кои и понатаму се присутни а за доброто на ГФК Тиквеш,тој заминува од функцијата тренер.

Да потсетиме Димитковски  на чело на  клубот како тренер дојде по катастрофалниот настап  и пласман на тимот во 2 ФЛИ.Со неговата работа и авторитет, тимот речиси се прероди и лани  не успеа во баражот да влезе во Прва лига.Сега условите за тоа се позрели и се верува дека  тоа ќе се случи напролет.Но очигледно без Гањо ,кој  даде се од себе  за да го биде Тиквеш.

Има ли опструкција на неговата работа,допрва ке дознаеме.???!!!

Сега на Управата на ГФК Тиквеш 1930 треба да назначи нов тренер, бидејќи на Тиквеш му следуваат неколку важни средби пред завршувањето на Првиот дел на првенството.

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА