Претседателот на Здружението “Напредни лозари”, Трајче Кулев информира дека интерната средба во Министерството за земјоделство е закажана за во 12.15 часот.

На неа покрај претставниците на Министерството, се очекува да присуствуваат и градоначалниците од општините од тиквешкиот регион, како најголем лозаровинарски регион во државата. Таму треба да бидат и пратениците од Тиквешко. Инаку, синоќа во Кавадарци се одржа средба на лозари со претставници на успешни задруги од Војводина. Тие ги презентираа своите искуства на патот кон подобро земјоделство.

-Целта е и ние да ги согледаме поволностите од тоа да пристапиме кон задругарство. На таков начин лозарството би било поефикасно, би имале можност за различни видови на помош, а полесно би ги остварувале и своите права, рече Кулев. Присутните земјоделци се интересираа за повеќе прашања, како финансирање и менаџирање на задругите и слично.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА