По големата трагедија по сообраќајната несреќа на патот Скопје-Гостивар во која загинаа 15 луге,откажани се сите прпослави на празникот Свети Трифун закажани во Тиквешките градови.Кабинетите на градоначалниците во Росоман, Демир Капија и Неготино испратија соопштенија:

Росоман

„Општина Росоман ги информира граѓаните дека поради трагичната несреќа на автопатот Скопје - Тетово во која голем број на луѓе ги загубија животите се откажува утрешната прослава по повод "Свети Трифун". Сочуство до најблиските на загинатите. Нека почиваат во мир.“

Демир Капија

„Почитувани сограѓани,

Македонија е во тага! 
Ве известуваме дека поради страотната сообраќајна несреќа која ја потресе нашата земја се откажува културно забавниот дел од планираната манифестација по повод празникот ''Св. Трифун,,. 
Планираната велосипедска тура ќе се одржи и истата ќе биде во чест на загинатите во сообраќајната несреќа.

Со почит,

Градоначалник Лазар Петров„

 

Неготино

 

„Се откажуваат сите настани по повод „Свети Трифун“

Општина Неготино ги информира граѓаните дека поради трагичниот настан кој ја потресе цела држава и кој се случи вечерва кога во тешка сообраќајна несреќа голем број на луѓе ги загубија животите, се откажуваат сите планирани настани и активности по повод „Свети Трифун. Општина Неготино, градоначалникот Тони Делков и Советот на општината до семејствата на загинатите упатуваат сочуство за нивната огромна загуба.„- се вели во известувањето на ФБ профилот на Тони Делков-градоначалник на Општина Неготино.

 

 

 

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА