Локалната самоуправа започна со реконструкција на улица „Орце Николов“ во Демир Капија во должина од 500 метри и широчина од 4 метри.Во реконструкцијата на улицата е опфатено тампонирање, поставување на бетонски ивичњаци и асфалтирање на коловозот.

Градежните работи ги изведува Жикол од Струмица.Јавното комунално претпријатие „Бошава„ претходно изврши поврзување на водоводната мрежа со новиот водовод се со цел за поквалитетно снабдување на населението со вода за пиење.Покрај ова на дел од улицата во должина од 200 метри поставена е и атмосферска канализација.

 

 70 годинишнината од пензионерското организирање во Република Македонија беше повод за неколку активности на Здружението на пензионери од Демир Капија .Активот на жени ја посети Детската Градинка Борис Трајковски и им подари скромни подароци  а потоа се одржа прослава на која присуствуваа градоначалникот на Општина Демир Капија ,Трајче Димитриев и претседавачот на Советот Петар Мојсов.

 Претседателот на здружението Благој Кавазовски истакна дека од страна на советот на пензионери на Македонија им е доделено признание за успешна работа на здружението.Воедно на градоначалникот на општина Демир Капија Трајче Димитриев му беше доделена плакета  за неговиот придонес во соработката со  ова Здружение.Плакетата која му ја врачи претседателот на Здружението на пензионери. Градоначалникот им се заблагодари за довербата и признанието за досегашната конструктивна и добра соработка.

 

Советот на општина Демир Капија разгледа и усвои дванаесет точки од дневниот ред.Притоа беше донесена одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Демир Капија за 2016 година а беа разгледани и донесени решенија за разрешување и именување на претседател на Комисија за статут и прописи и решение за разрешување и именување на член на Комисија за   за усвојување на годишна програма за работа на ЈОУДГ „Борис Трајковски“ Демир Капија за учебната 2015/2016 година.На седницата на Советот беше донесен заклучок за усвојување на извештај на работата на ЈОУДГ „Борис Трајковски“ Демир Капија за учебната 2015/2016 година.

Седницата заврши со разгледување на барања од физички и правни лица и советнички прашања.

 

Во Општина Демир Капија се најавува интензивирање на  вложувањата во комуналната свера.Се работи за неколку капитални објекти кои значително ке ги изменат животот во населбата на подобро.Познато е дека се отпочнати активности на изградба на обиколница а ке се гради и  нов плоштад во Демир Капија и нов мост.Ке се продолжи со асфалтирање на улици,а ке се реновира  и Домот на културата.

Меѓу другото започната е реализација на изградбата на водоводот во село Клисура,замена на уличното осветлување со лед светилки и уште многу други капитални проекти.

 

Во Демир Капија во тек се градежните работи за реконструкција на улица Илинденска со крак улица Питу Гули. Со реконструкцијата ќе се изврши отстранување на оштетениот асфалт, проширување на дел од улицата, ќе се изгради атмосферска канализација, тампонирање, вградување на рабници и асфалтирање со ширина од 5,5 метри и должина од 820 метри.

Градежните работи ги изведува фирмата „Жикол“ од Струмица.Паралелно со реконструкцијата ЈКП„ Бошава “од Демир Капија врши приклучоци на новата водоводна мрежа се со цел за поквалитетно снабдување на населението со вода за пиење.Покрај ова на дел од улицата во должина од 180 метри се поставува нова фекална канализација.

 

Советот на општина Демир Капија на  33-та редовна седница  ја усвои Програмата за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Демир Капија за 2016 година а  беше донесена и одлука за утврдување на потребата од донесување на нова урбанистичко-планска документација за објекти надвор од плански опфат.На седницата беше донесена одлука за обезбедување средства во буџетот на општина Демир Капија за експропријација на градежно земјиште за градење од објект од јавен интерес од локално значење како и одлука за обезбедување средства во буџетот на општина Демир Капија за стекнување право на сопственост на недвижни ствари.

 Седницата продолжи со донесување одлука  за устројување и водење катастар на подземните инсталации и објекти на подрачјето на општина Демир Капија а  беше донесена и одлука за финансиско учество во проект “Соработка меѓу пет мали општини во Европа“ преку Програмата „Европа за граѓаните“. На 33 седница на Советот на општина Демир Капија беше разгледан беше донесен годишниот план за вработување за 2017 година а се донесе и решение за давање мислење за Програмата за организирање и реализирање на екскурзии и други слободни активности во ООУ „Димче А.Габерот“ за учебната 2016/2017 година.Беа разгледани и  барања од физички и правни лица и поставени советнички прашања.

 

На 27 и 28 август се одржа традиционалниот Демиркаписки панаѓур посветен на верскиот празник Голема Света Богородица“.Годинава панаѓурот беше посетен од голем број гости кои допатуваа од повеќе градови од нашава земја. На финалната вечер на турнирот во мал фудбал беа прогласени победниците и беа доделени наградите.На 28 август во раните утрински часови Црквата „Света Богородица“ беше посетена од голем број верници и за нив беше отслужена света божествена литургија.

Во центарот на градот на тротоарите беа поставени тезгите на кои се продаваа разни производи потребни за секое домакинство.Гостите слободното време го искористија и за посета на Музејот, Винарските визби, Демиркаписката Клисура и знаменитите места во Демир Капија.

Повеќе артикли...

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Cloudy, 10 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:28 am   |   Sunset: 4:7 pm
95%     3.2 km/h     32.882 bar
Forecast
Сре Low: 8 °C High: 14 °C
Чет Low: 5 °C High: 12 °C
Пет Low: 5 °C High: 11 °C
Саб Low: 4 °C High: 12 °C
Нед Low: 3 °C High: 12 °C
Пон Low: 5 °C High: 13 °C
Вто Low: 4 °C High: 12 °C
Сре Low: 3 °C High: 8 °C
Чет Low: 1 °C High: 6 °C
Пет Low: 0 °C High: 8 °C