Започна INTERNATIONAL OUTDOOR FESTIVAL - Демир Капија 2017.

Демир Капија
Типографија

Од 19 до 21 Мај  се одржуват традиционалните спортско рекреативни активности, алпинизам, велосипедизам, планинарско пешачење и јога.Годинава голема масовност


Четврти пат во втората половина на месец Мај, во раскошната природа на Демир Капија  се одржува Меѓународниот фестивал на спортови во природа. Успешната соработка на Спортскиот Клуб Клисура, Општина Демир Капија и Фондацијата Ценет со поддршка на голем број спонзори и Националниот младински совет на Македонија, како и големиот ентузијазам на младите луѓе и сите вклучени во организацијата придонесоа повторно да се реализира овој фестивал.

 

18620015_1852639161655951_5686257855999069044_n.jpg
Локалната самоуправа на општина Демир Капија ја препознава важноста од одржувањето на ваквите манифестации за афирмација на Демир Капија, како дестинација за алтернативен туризам. Затоа како општина посветено работи на подобрување на условите со реализација на голем број инфраструктурни проекти.

 

18519885_1852640861655781_3654550477607888157_n.jpg
Во текот на трите фестивалски денови се одржуват традиционалните спортско рекреативни активности, алпинизам, велосипедизам, планинарско пешачење и јога. Оваа година фестивалската програма е збогатена со нови активности и тоа параглајдерство, кајакарство и интерактивни активности за најмладите.На овој начин Демиркапија  придонесува кон ширење на позитивна енергија, зголемување на еколошката свест и меѓусебната толеранцијата, оставајќи позитивен пример кај најмладите.

МеталАпостолов
MM-Biro

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Clear (night), 17 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:39 am   |   Sunset: 7:22 pm
46%     17.7 km/h     33.085 bar
Forecast
ПонLow: 8 °CHigh: 28 °C
ВтоLow: 11 °CHigh: 29 °C
СреLow: 12 °CHigh: 31 °C
ЧетLow: 12 °CHigh: 29 °C
ПетLow: 10 °CHigh: 30 °C
СабLow: 15 °CHigh: 28 °C
НедLow: 15 °CHigh: 30 °C
ПонLow: 14 °CHigh: 30 °C
ВтоLow: 15 °CHigh: 30 °C
СреLow: 15 °CHigh: 27 °C