Демир Капија :Во Клисура одбележан празникот на селото

Демир Капија
Типографија

Вчера иселените жители од селото Клисура го одбележаа христијанскиот празник летен св. Никола заштитник на селото.

Света божевствена литургија отслужија свештени лица. И оваа година присуствуваа голем број на исeлени лица од родниот крај како и  жители од Демир Капија и други општини. По отслужената литургија присутните со песна и оро го продолжија прославувањето на големиот христијански празник.

За време на престојот иселените клисурци ги посетија своите разурнати родни огништа и се потсетија на спомените, на животот од пред 1956 година, кога и овде се појави миграцијата село-град, населувајки се претежно во Демир Капија. Општина Демир Капија посветува големо внимание на селото Клисура кој ги има сите услови за развој на селскиот туризам. За изминатиов период покрај извршените градежни работи во црквата селото доби електрично осветлување, изграден е асфалтен пат и водовод. Ова придонесе да се изградат и викенд куќички и во нив иселените Клисурчани во текот на пролетта, летото и до доцна есен за време на викендот доаѓаат во својот роден крај.

Следни настани

RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Fair (day), 35 °C
Current Conditions
Sunrise: 4:59 am   |   Sunset: 8:10 pm
22%     29.0 km/h     33.085 bar
Forecast
Саб Low: 19 °C High: 36 °C
Нед Low: 18 °C High: 37 °C
Пон Low: 17 °C High: 36 °C
Вто Low: 18 °C High: 32 °C
Сре Low: 17 °C High: 37 °C
Чет Low: 18 °C High: 37 °C
Пет Low: 19 °C High: 40 °C
Саб Low: 21 °C High: 38 °C
Нед Low: 20 °C High: 33 °C
Пон Low: 17 °C High: 31 °C