Се реконструира и надградува Домот на културата “Мирка Гинова” во Демир Капија.

Демир Капија
Типографија

Од Службата за односи со јавноста при демиркаписката локална самоуправа денеска информираа дека со проектот, се   добива нов простор со површина од 680 квадратни метри.

-Вредноста на инвестицијата изнесува 23.616.101,00 денар.  Станува збор за грант средства обезбедени од проектот за подобрување на општинските услуги од компонентата инвестициски грантови од ИПА, финансирани од страна на Европската Унија. Но дел од средствата  се  обезбедени и  од буџетот на општина Демир Капија, соопштија од општинската Служба за информирање.

Оттаму додадоа дека на  објектот  во центарот на Демир Капија кој е изграден во 1950 година и реконструиран во 1986 година,  30 години не е извршена никаква санација и адаптација, а истиот беше дотраен и несоодветен за користење.

Целта на овој проект е, како што рекоа,  да се подобри состојбата на постојниот објект, да се надгради и да се подобрат условите за работа и условите за давање на административни услуги. Со реконструкцијата, објектот ќе биде поделен на две независни функционални целини. Едната целина ќе биде наменета за потребите на Домот на културата, а другата за потребите на општина Демир Капија.

Притоа нагласија дека општина Демир Капија нема сопствени простории, во моментот користи простории под закуп,  за што издвојува значителни финансиски средства од сопствениот буџет. Просториите во кои сега е сместена општината, рекоа,  не ги задоволуваат потребите за соодветно извршување на своите надлежности, просторната организација е нефункционална и генерира проблеми во секојдневното користење.

-Со проектот се планира општина Демир Капија да обезбеди сопствен простор во кој ќе бидат сместени сите органи на Општината. Просториите кои се наменети за Општината се така поставени да можат да бидат функционални и да обезбедат успешно извршување на општинските надлежности и  достапни за граѓаните, информираа од прес службата.

Нагласија дека со реализацијата на проектот за реконструкција и надградба,  општина Демир Капија директно ќе придонесе за остварување на стратешките приоритети,  особено  во стратешката цел “Подобрување на квалитетот на животот на граѓаните”.

МеталАпостолов
MM-Biro

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Clear (night), 17 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:39 am   |   Sunset: 7:22 pm
46%     17.7 km/h     33.085 bar
Forecast
ПонLow: 8 °CHigh: 28 °C
ВтоLow: 11 °CHigh: 29 °C
СреLow: 12 °CHigh: 31 °C
ЧетLow: 12 °CHigh: 29 °C
ПетLow: 10 °CHigh: 30 °C
СабLow: 15 °CHigh: 28 °C
НедLow: 15 °CHigh: 30 °C
ПонLow: 14 °CHigh: 30 °C
ВтоLow: 15 °CHigh: 30 °C
СреLow: 15 °CHigh: 27 °C