Демир Капија/ Св.Трифун-со хуманитарен карактер

Демир Капија
Типографија

Празникот на лозарите и традицијата на свечено закројување на лозјата оваа година новата локална самоуправа во Демир Капија одлучи истиот да биде од хуманитарен карактер.

Средствата кои ќе се соберат од продажбата на ракија,вино и сирење изложени на штандови за најдобра традиционална македонска трпеза,ќе се донираат за лекување на 8 годишниот Илија Петков од овој град кој води тешка борба со малигна неоплазма на р'бетен мозок. Операцијата чини 15 илјади евра и секоја помош за неговите родители е добредојдена,вели градоначалникот на Демир Капија,Лазар Петров.

- За прв пат планот е оваа манифестација една од две години да стане самоодржлива и се она што оваа година што ќе се нуди како производи и средствата кои ќе бидат собрани ќе се наменат за наш млад сограѓанин од Демир Капија на кој му се потребни за лекување,изјави Петров.

 

27658168_10215068818137592_1276890705_n.jpg

Инаку програмата за одбележување на Недела на традицијата Св. Трифун 2018 година' започнува в недела со подигнување на фестивалското знаме во центарот на Демир Капија во 12:00 часот а активностите продолжуваат со натпревари за најдобра домашна ракија,за закројување на винова лоза и натпревар за најдобро домашно вино. Централниот настан ќе се одржи на 14-ти Февруари со богата програма како и Базар на вино, ракотворби и производи од традиционални занаети по што ќе бидат доделени награди и признанија од четирите натпревари за најдобрите.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (day), 30 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:16 am   |   Sunset: 6:35 pm
34%     11.3 km/h     33.220 bar
Forecast
ВтоLow: 12 °CHigh: 30 °C
СреLow: 12 °CHigh: 30 °C
ЧетLow: 12 °CHigh: 31 °C
ПетLow: 15 °CHigh: 31 °C
СабLow: 12 °CHigh: 31 °C
НедLow: 15 °CHigh: 27 °C
ПонLow: 12 °CHigh: 31 °C
ВтоLow: 11 °CHigh: 20 °C
СреLow: 10 °CHigh: 20 °C
ЧетLow: 9 °CHigh: 18 °C