Во Демир Капија одржана културната манифестација за меѓуетничка соработка „ГРАДИМЕ МОСТОВИ"


 Во спортската сала при основното училиште „Димче А.Габерот“ од Демир Капија се одржа културна манифестација за меѓуетничка соработка „ГРАДИМЕ МОСТОВИ", во соработка со турскиот културен центар „Јунус Емре", а во рамките на програмата Турски народни приказни. На овој македонско-турски културен перформанс со неколку точки на турски и македонски јазик се претставија ученици од македонска и турска националност кои учат во централното и подрачните училишта при ООУ „Димче А.Габерот“. Потоа следуваше час по турски приказни посветени на ликовите Насредин Оџа и Ќелоган. Приказните беа презентирани на турски и на македонски јазик од страна на актерката Благица Трпковска и педагогот Асли Гедизли, а во нивната драматизација беа вклучени и дел од присутните ученици.На крајот од манифестацијата на учениците им беа поделени пригодни подароци и книги со турски приказни.

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА