Демир Капија/ Седница на Советот на општина

Демир Капија
Типографија

На 22.08.2018 година советот на општина Демир Капија ја одржа единаесетта седница на која беа разгледани и усвоени единаесет точки од дневниот ред.

По усвојувањето на записникот од изминатата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше донесена одлука за давање согласност на проект преку Програмата на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделието и рурален развој за 2018 година. Втората точка од дневниот ред откако беше разгледана се донесе Одлука за определување на висината на надоместокот за користење на простор за вршење на угостителски услуги за времетраење на панаѓурот во Демир Капија.Наредните четири точки од дневниот ред се однесуваа на донесување решенија и по нивното разгледување беа усвоени, а се однесуваа на: Решение за одобрување финансиски средства на Здружение СПОРТСКИ КЛУБ КЛИСУРА Демир Капија, Решение за одобрување на финансиски средства, Решение за давање согласност на Годишен план за вработување во ОУ Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија и Решение за разрешување и именување на член на Управен одбор на ЈКП“Бошава“ Демир Капија.По разгледувањето на седмата точка од дневниот ред беше донесен Заклучок за давање Согласност на Годишен извештај за одржување на јавната чистота во град Демир Капија за 2017 година.Потоа се премина на осмата и деветата точка и по нивното разгледување беа усвоени Решението за давање Согласност на Финансиски извештај на ЈКП Бошава Демир Капија за период од 01.01.2018 до 31.03.2018 година и Решение за давање Согласност на Тарифник за утврдување на цените на услугите во ЈКП Бошава Демир Капија.Седницата заврши со разгледување на барања од физички и правни лица и советнички прашања на кои одговор даде градоначалникот Лазар Петров.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Cloudy, 10 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:52 am   |   Sunset: 4:3 pm
82%     9.7 km/h     33.017 bar
Forecast
Саб Low: 2 °C High: 10 °C
Нед Low: 0 °C High: 5 °C
Пон Low: -1 °C High: 1 °C
Вто Low: 0 °C High: 0 °C
Сре Low: -2 °C High: 1 °C
Чет Low: -4 °C High: 1 °C
Пет Low: -6 °C High: 3 °C
Саб Low: -1 °C High: 2 °C
Нед Low: -3 °C High: 2 °C
Пон Low: -4 °C High: 2 °C