Демир Капија / Предлози за доделување на наградата "7-ми Ноември" и признанија за 2018 година.

Демир Капија
Типографија

С О О П Ш Т Е Н И Е

„Врз основа на член 3 од Правилникот за начинот и постапката за доделување на општински награди и признанија бр.07-185/1 од 11.09.1998 година донесен од Советот на општина Демир Капија, Комисијата за доделување награди и признанија покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на наградата "7-ми Ноември" и признанија за 2018 година.

1. Иницијатива за доделување на награда "7-ми Ноември" и признание може да поднесат сите физички и правни лица од Општина Демир Капија. Иницијативата се поднесува во писмена форма и истата содржи пошироко образложение за кандидатот односно кандидатите кои се предлагаат за наградата односно признанието, неговите остварувања што претставуваат посебен придонес за развој на Општина Демир Капија и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во областа на економскиот развој, науката, уметноста, образованието, културата, здравствената заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области.

Подносителот на иницијативата во својот предлог задолжително мора да назначи дали кандидатот или кандидатите се предлагаат за награда "7-ми Ноември" или признание.

2. Наградата "7-ми Ноември" се доделува на поединци, група творци, претпријатија, установи, организации и здруженија на граѓани, за особено значајни остварувања од интерес на општината.

3. Признанијата се доделуваат за посебен придонес во развојот, унапредувањето и афирмацијата на Општина Демир Капија.

4. Иницијативите се доставуваат до Советот на Општина Демир Капија, Комисија за доделување награди и признанија на ул.11-ти Октомври бб Демир Капија најдоцна до 25 Октомври 2018 година.“

Претседател на Комисија за доделувае на награди и признанија Сузана Крстева

 

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Sunny, 24 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:45 am   |   Sunset: 5:49 pm
31%     6.4 km/h     33.254 bar
Forecast
ВтоLow: 7 °CHigh: 25 °C
СреLow: 9 °CHigh: 25 °C
ЧетLow: 8 °CHigh: 25 °C
ПетLow: 10 °CHigh: 25 °C
СабLow: 12 °CHigh: 23 °C
НедLow: 11 °CHigh: 21 °C
ПонLow: 8 °CHigh: 17 °C
ВтоLow: 7 °CHigh: 16 °C
СреLow: 6 °CHigh: 16 °C
ЧетLow: 6 °CHigh: 17 °C