Демократски дијалог меѓу Управата и навивачите Лозари Исток

Фудбал
Типографија

ГФК Тиквеш 1930,по промените на кормилото на клубот вети опстанок во Втора лига и радост за навивачите

Вчера ГФК Тиквеш 1930 имаше редовен тренинг .И тоа не би била некоја вест ако , поради случувањата последните неколку денови ,пред се поразите на клубот и смените на кормилото на клубот ,  вистинските љубители на спортот и најверните навивачи,Лозари Исток ,вчера попладне не беа на Градскиот стадион со фудбалерите.Тие не тренираа но имаа средба со претседателот на клубот Илија Темелковски и новиот спортски директор Звонко Костов.

Ја следевме средбата од страна и  навистина  бевме фасцинирани од она што го слушавме и гледавме.Политичарите можат да учат од дијалогот кој се водеше на Градски-од навивачките и спортските работници .Конструктивно и навивачите и Управата  имаа можност да се произнесат за она што е актуелно во клубот.Навивачите отворено со прашањата:Зошто нов тренер од Неготино и тоа во очи на дербито на дното со  ФК Вардар-Неготино, дали овој натпревар е однапред продаден- за што веке има муабети во градот,зошто тренинзите на сите фудбалски школи на Тиквеш  децата што тренираат ги плаќаат од џеб, зошто не се исплатени или доцнат некои исплати на  обврски кон тренерите,зошто не е исплатен Блаже Панов чија лиценца беше виза за натпреварите ова пролет на Тиквеш, зошто досега навивачите на Лозари Исток ги  немаше на трибините на клубот  и уште други нејасности или негодуваа, а за кој се бераше толкување.Во секојслучај респек за поединците од Лозари Исток кој цивилизирано и со загриженост ,можеби, завршија голема работа со дијалогот кој денеска го демонстрираа.Респект за нив –пред се за боите на Тиквеш.

Темелковски демантира за било какви местенки на натпреварот со Вардар,исплатата на обврските за сите договори направени со Тиквеш и било кои поединци,кохезијата во тимот е одлична и Тиквеш е во одлична кондиција.Малиот пад во формата ке биде повратен уште овој викенд на гостувањето на Тиквеш.Клубот со сите сили настојува и ке остане во Втората лига, што е цел на сегашниот и овој стручен тим кој стои зад клубот заедно со финансиерите и ЛС.

Потоа заеднички навивачите и управата со стручниот тим имаа средба со фудбалерите кои само потврдија дека тие се дојдени во Тиквеш да играат и тоа со сите сили ке го оправдаат на средбите кои престојат со што ке ги демантираат злите гласови.Средбата со Вардар нема шанса да биде продадена, напротив сите 90  минути на Градски со Вардар ке бидат борбени и ке се  настојува трите бода да останат во Кавадарци.

Еве како новиот спортски директор Звонко Костов ја коментира вчерашната средба и натпреварите кои ни претстојат ова сезона во Втората лига.

(Видео изјава  Звонко Костов-спортски директор на ГФК „Тиквеш“ 1930

 

DITO

Следни настани

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (night), 12 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:47 am   |   Sunset: 5:47 pm
75%     11.3 km/h     33.525 bar
Forecast
Вто Low: 8 °C High: 26 °C
Сре Low: 8 °C High: 27 °C
Чет Low: 8 °C High: 26 °C
Пет Low: 7 °C High: 25 °C
Саб Low: 9 °C High: 25 °C
Нед Low: 11 °C High: 26 °C
Пон Low: 9 °C High: 24 °C
Вто Low: 9 °C High: 18 °C
Сре Low: 7 °C High: 18 °C
Чет Low: 5 °C High: 19 °C