/Видео/ Фудбал:Aтмосфера-шанси и гол

Фудбал
Типографија

Вистинска фудбалска еуфорија- каква посакуваат и прволигашите.Видено со нашата камера на средбата  ГФК„Тиквеш1930 - Вардар /Неготино која заврши со резултат 1 : 0  за  Тиквеш

Неважно што Тиквеш и Вардар се на самото дно и тоа од втората македонска фудбалска лига, грчевито се борат за опстанок, и не играат атрактивен фудбал, ривалитетот помеѓу Кавадарци и Неготино повторно беше причина за фудбалски празник на реконструираниот градски стадион во Кавадарци чија главна трибина беше премала да ги прими сите оние кои сакаа да го гледат натпреварот од поповолна позиција.Нема можност да се утврди точната бројка на присутни на трибините но секако беше меѓу  и 2 и  2,5 илјади.На средина од првото полувреме Симеон Симонов изнуди пенал за Тиквеш, кој во гол го претвори Стојанче Дунимаглоски, за големо славје на градскиот стадион. Веднаш потоа започнаа притисоци од гостинските играчи, во што најжесток беше поранешниот играч на Тиквеш, Владо Данаилов кој од клупата делеше своја правда, за што беше „награден“ со директен црвен картон.
Продолжението не донесе особена возбуда, освен некои спорадични удари кон двата гола, но недоволни да донесат резултатски промени, нешто на што немаа против домашните играчи и навивачи, кои ја прославија големата победа, и барем за момент му ја препуштија претпоследната позиција на табелата на Вардар Неготино.Во следното коло, Тиквеш му гостува на Металург, и со евентуална победа речиси и би го осигурал опстанокот.
Еве како нашиот снимател Трајче Цветков ја виде ова средба :

DITO

Следни настани

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (night), 12 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:47 am   |   Sunset: 5:47 pm
75%     11.3 km/h     33.525 bar
Forecast
Вто Low: 8 °C High: 26 °C
Сре Low: 8 °C High: 27 °C
Чет Low: 8 °C High: 26 °C
Пет Low: 7 °C High: 25 °C
Саб Low: 9 °C High: 25 °C
Нед Low: 11 °C High: 26 °C
Пон Low: 9 °C High: 24 °C
Вто Low: 9 °C High: 18 °C
Сре Low: 7 °C High: 18 °C
Чет Low: 5 °C High: 19 °C