Тетекс го победи Тиквеш- опстанокот се решава во последното коло

Фудбал
Типографија

Kaвадаречкиот второлигаш со пораз од 2:1 се враќа од  дуелот со Тетекс

Со поразот од директниот ривал Тетекс, фудбалерите на градскиот фудбалски клуб Тиквеш дополнително ја закомпликуваа ситуацијата на дното од втората по ранг македонска фудбалска лига, во која и Металург, и Тетекс, и Тиквеш, па дури и Вардар Неготино имаат шанса да ги избегнат местата кои водат во понизок натпреварувачки ранг.

Работите можеа да бидат многу појасни, и поповолни особено за Тиквеш и Металург, доколку кавадаречките фудбалери ја задржеа предноста од 0-1 на гостувањето кај Тетекс, но Тони Брњарчевски во педесетата и Нинослав Здравковски во 63-та минута направија целосен резултатски пресврт, по што се ќе се решава во последното коло.
А во него, Тиквеш на домашен терен му гостува на Хоризонт Турново, над кого веќе славеше пролетоска, и кој е на сосема мирен дел од табелата, без шанси за големи поместувања, што од една страна е олеснителен факт за домаќините, но може да биде и дополнителен проблем затоа што гостите ќе влезат целосно растоварени од секаков притисок. Од друга страна, Тетекс му гостува на Металург, тим кој не смее да загуби доколку не сака да заврши како претпоследен. На тимот од Автокоманда доволно му е и реми, за разлика од тетовчани кои ќе мораат да атакуваат на победа. Шанси за опстанок, иако теоретски има и Вардар Неготино, кој во последното коло на домашен терен го пречекува тимот на Еуромилк, кој исто како и Хоризонт Турново ќе игра натпревар без резултатско значење.
Анализата вели дека Тиквеш повторно е во добитна комбинација, а за да опстане потребно му е и реми, се разбира доколку Металург слави над Тетекс. Лошата варијанта за тимот од Кавадарци е да загуби на домашен терен, а Вардар Неготино да победи. Во таква ситуација Тиквеш кој има убедливо најлоша гол разлика ќе биде последен на првенствената табела.
Натпреварите од последното првенствено коло се играат во сабота, 27 мај, со почеток од 16 часот и 30 минути.

Извор : Kavadar4e.com

Следни настани

SOU-BRKO
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Sunny, 26 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:48 am   |   Sunset: 7:20 pm
21%     35.4 km/h     33.051 bar
Forecast
Вто Low: 16 °C High: 27 °C
Сре Low: 11 °C High: 28 °C
Чет Low: 14 °C High: 31 °C
Пет Low: 13 °C High: 33 °C
Саб Low: 16 °C High: 34 °C
Нед Low: 15 °C High: 35 °C
Пон Low: 16 °C High: 35 °C
Вто Low: 17 °C High: 36 °C
Сре Low: 18 °C High: 35 °C
Чет Low: 18 °C High: 34 °C