ГФК „Тиквеш„ 1930 останува во Втора лига

Фудбал
Типографија

Попладнево кавадаречките фудбалери го победија Хоризонт од Турново со 2:1

По влажен и лош за игра терен, по обилните врнежи последните неколку дена, на Градскиот стадион во Кавадрци во последното коло од редовното првенство во Втората лига,Тиквеш извојува значајна победа.Со 2: 1 ја совлада екипата на Хоризонт од Турново со 2: 1.

image-0-02-04-231d0ed18b46f54c155b9d6f80a5dad5e054eff88cf3f510c6807cfd726f9f96-V.jpg


По првите 45 минути резултатот беше 1 : 0 со голот на Наумче Бакрачевски а во 79 минута гостите изедначија на 1: 1. На изедначувањето му претходеа неколку шанси на двете страни. Во 59 минута Хоризонт имаше 100-та шанса, а потоа во 61 и 65 минута Тиквеш имаше две големи шанси, за жал не беа искористени.
По изедначувањето последните 10 минути од средбата, нашите фудбалери брзо се созедоа и во 82 минута поведоа со 2:1 што беше и конечен резултат на ова средба на која ги решија сите дилеми побврзани со опстанокот.Голот на одлука го постигна  Горан Стојановски,и претставуваше убава симболика со оглед на фактот што на Шефето ова му беше последна средба по 20 години активно бавење со фудбал. Поголем учинок за еден клуб во клучниот момент неможе никој да посака . Во текот на сите 90 минути ГФК Тиквеш беше подобар противник, кој постојано напаѓаше и ако фудбалерите беа поснаодливи резултатот можеше да биде и поубедлив.

 

image-0-02-05-a7eaf3e71ad53e9473fdbfd9e34b1c58c3f57d968f44d23782db1a0f37b0e903-V.jpg
Ова екипа на ГФК Тиквеш 1930 успеја да избори опстанок во Втората лига , што беше и цел на Управата и фудбалерите и в година љубителите на фудбалот , а ги има многу-особено млади, ке гледаат второлигашки фудбал.

 

image-0-02-04-8516eed1f2139a926d332657ec82cfd109794145ef02e294b8aade499784a486-V.jpg
Инаку на ова средба бележиме и неколку интерсни детали.Навивачите на Лозари Исток 1991 и подмладокот Ултра Греј беа одличен 12 играч на Тиквеш со своето навивање.Управата на ГФКТиквеш пак на долггодишниот фудбалер на ова екипа Горан Стојановски -Шефето, кој се збогува со активното играње фудбал ,му подари телевизор а навивачите и неговите колеги го поздравија со традиционалниот спортски поздрав и му честитаа за неговиот придонес во фудбалската игра во Тиквеш и Македонија, со оглед на неговиот играчки стаж во неколку фудбалски тимови.Toj  ке остане запаметен како  наш фудбалски бисер од помладиот бран на фудбалери од Каваадрци на ГФК Тиквеш.Секогаш бил со професионално однесување  и со максимална пожртвуваност.

 

image-0-02-05-533023fa86f4f30e5a87521c823e501513341ef42bd31eb3f2906234450dea8d-V.jpg

Следни настани

SOU-BRKO
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Sunny, 26 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:48 am   |   Sunset: 7:20 pm
21%     35.4 km/h     33.051 bar
Forecast
Вто Low: 16 °C High: 27 °C
Сре Low: 11 °C High: 28 °C
Чет Low: 14 °C High: 31 °C
Пет Low: 13 °C High: 33 °C
Саб Low: 16 °C High: 34 °C
Нед Low: 15 °C High: 35 °C
Пон Low: 16 °C High: 35 °C
Вто Low: 17 °C High: 36 °C
Сре Low: 18 °C High: 35 °C
Чет Low: 18 °C High: 34 °C