Фудбал : На 9 септември ГФК Тиквеш го пречекува Осогово

Фудбал
Типографија

Натпреварот се игра со почеток од 16 часот на градскиот стадион во Кавадарци.

Kвалификациониот натпревар на македонската фудбалска репрезентација против селекцијата на Албанија и одлуката да се чува теренот на градскиот стадион во Струмица го пролонгираше стартот на втората македонска фубдалска лига на фудбалерите на Беласица и Тиквеш кои добија дополнителни денови за подготовка, која и тоа како ќе биде значајна затоа што во наредните седум дена ќе треба да одиграат три натпревари.

Првиот од трите натпревари е веќе во сабота, 9 септември, во кој фудбалерите на градскиот фудбалски клуб Тиквеш ќе го пречекаат тимот на Осогово од Кочани во натпревар кој  некогаш беше прволигашкото дерби. Натпреварот се игра со почеток од 16 часот на градскиот стадион во Кавадарци.

Веќе во вторник, 12 септември кавадаречките фудбалери ќе патуваат за Струмица каде ќе го одиграат заостанатиот натпревар против Беласица. „Турнеата“ во источна Македонија завршува на 16 септември, со натпреварот против тимот на Хоризонт кој се игра во Турново.Кавадрчаните Филип Ризов и Блаже Настов уште еднаш ја потврдија својата класа и квалитет, откако на вчерашните натпревари во рамките на првиот ден на Европското кик бокс првенство за кадети и јуниори кое се оддржува во Скопје остварија сигурни победи.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Fair (day), 18 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:50 am   |   Sunset: 5:43 pm
48%     20.9 km/h     33.220 bar
Forecast
СабLow: 11 °CHigh: 20 °C
НедLow: 8 °CHigh: 20 °C
ПонLow: 8 °CHigh: 16 °C
ВтоLow: 9 °CHigh: 16 °C
СреLow: 6 °CHigh: 18 °C
ЧетLow: 5 °CHigh: 12 °C
ПетLow: 3 °CHigh: 16 °C
СабLow: 3 °CHigh: 19 °C
НедLow: 6 °CHigh: 18 °C
ПонLow: 6 °CHigh: 17 °C