(Видео)Tурнир „Вуко Каров и фудбалски легенди“на ГФК Тиквеш

Фудбал
Типографија

 

 Еуромилк е освојувач на Турнирот „Вуко Каров и Легенди на ФГК Тиквеш 2018.Одлична организација на клубот и покрај лошите временски услови

Кавадарчани беа одлични домаќини на традиционалниот 19-ти фудбалски турнир „Вуко Каров и Легенди на ГФК Тиквеш 2018“.Новата управа на Тиквеш, претседателот Миле Масларков и сите од клубот,го победија: лошото време, студенилото и покажаа на спортска јавност и на Локалната самоуправа дека имаат желба и ќе успеат клубот да го стабилизираат и да ја вратат публиката на трибините.Турнирот беше првиот успешен тест за да веруваме во тоа.Почетниот удар на средбата го означи внукот на Каров-Тоше кој стана неизбежен на сите турнири, од мало дете стана момче кое се гордее со својот дедо и фудбалската игра.Инаку турнирот на почетокот го отвори и посака успешно одвивање Миле Масларков-претседател од името на новата Управа, и градоначалникот Митко Јанчев кој и денеска ја нагласи својата поддршка за клубот и фудбалот во Кавадарци.Средбите ги следеа познати поранешни играчи на Туквеш меѓу нив;Милков. Бошковски, Стефанов, Недев и други.

И покрај снегот, и студеното време по лоши услови  за игра, беше покажан борбен фудбал, а се играше на италијански систем:Во првата средба ГФК Тиквеш го победи Тетекс со 3 : 1, Еромилк и Тетекс играа  0 : 0 а во последната средба Еуромилк го победи  ГФК Тиквеш 1930 со  1 : 0. Па така Еуромилк бешпе прв, ГФК Тиквеш втор и Тетекс- трет на турнирот.

По натпреварите Масларков ги додели пехарите на победникот Еуромилк  од Скопје а и подинечните награди;За најдобар играч беше прогласен Ѓорѓи Мојсов од ГФК Тиквеш a најдобар голман-Мирза Дураковиќ.

РТК.МК вршеше директен пренос на лајв стримот rtklive.rtk.mk . и на ФБ  прифилот.Порталот доби благодарница за својот придонес  за овој настан.Благодарница доби и Ване Стојанов за најверен фан на ГФК Тиквеш.На висона на својата задача беа и навивачите  Лозари Исток.

 

 

 

 

 

 

 

 

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Clear (night), 16 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:18 am   |   Sunset: 6:32 pm
81%     11.3 km/h     33.254 bar
Forecast
ЧетLow: 11 °CHigh: 29 °C
ПетLow: 12 °CHigh: 31 °C
СабLow: 13 °CHigh: 32 °C
НедLow: 16 °CHigh: 25 °C
ПонLow: 15 °CHigh: 28 °C
ВтоLow: 11 °CHigh: 24 °C
СреLow: 8 °CHigh: 17 °C
ЧетLow: 6 °CHigh: 16 °C
ПетLow: 7 °CHigh: 21 °C
СабLow: 7 °CHigh: 19 °C