Фудбал- ГФК Тиквеш/ Раководството демантира наместен натпревар

Фудбал
Типографија

По повод обвинувањата со кои ГФК Тиквеш се соочи по средбата со ФК Борец 1919 денеска  преку  РТК.МК до јавноаста  ,Управата на клубот го упатува следното соопштение

„ Почитувани

По денешниот одржан состанок на кој присуствуваа раководството и играчите на ГФК Тиквеш сакаме да ставиме точна на обвинувањата со кои се соочуваме.

По вчерашната утакмица помеѓу ГФК Тиквеш  и  ФК Борец 1919 на која за жал нашиот тим изгуби со резултат 1:3 не стивнуваат реакциите за наводно наместена утакмица.Ваквите неосновани обвинувања  само ставаат темна дамна на македонскиот фудбал.Целото раководство на ГФК Тиквеш заедно со играчите со максимални сили се обидува да го придвижи кавадаречкиот фудбал кон посветли денови.Играчите напорно работат за да постигнат  добри резултати а раководството се обидува да го менаџира тимот со цел наредната година да влеземе во прва  лига.

Ова година ГФК Тиквеш ке биде гостин во Германија кај Шалке о4 на 4 дневни припреми.Ова гостување е од голема важност за нашиот тим.Ваквиот резултат од вчерашниот натпревар за нас претставува уште поголем мотив за напорни тренинзи кои ке резултираат со големи победи  во иднина.Неосонованите обвинувања  упатени до раководството целосно ги отфрламе и нашата енергија ке ја насочиме  кон, како што рековме,постигнување на подобри резултати.Од вас драги сограѓани ја бараме целата поддршка и поголема посетеност на фудбалските натпревари.Вашата поддршка на нашите млади играчи ке им даде поголем мотив за победи.ГФК Тиквеш не учествува во никакви двојни игри и наместени утакмици, ГФК Тиквеш го враќа сјајот на кавадаречкиот фудбал.

Со почит Раководство на ГФК  Тиквеш.“

се вели во обраќање со јавноста по вчерашната средба со ФК Борец 1919. 

МеталАпостолов
MM-Biro

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Showers, 19 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:7 am   |   Sunset: 7:50 pm
89%     0.0 km/h     33.085 bar
Forecast
ПонLow: 14 °CHigh: 24 °C
ВтоLow: 13 °CHigh: 28 °C
СреLow: 13 °CHigh: 30 °C
ЧетLow: 14 °CHigh: 24 °C
ПетLow: 15 °CHigh: 28 °C
СабLow: 16 °CHigh: 30 °C
НедLow: 17 °CHigh: 28 °C
ПонLow: 16 °CHigh: 28 °C
ВтоLow: 16 °CHigh: 29 °C
СреLow: 16 °CHigh: 30 °C