Шумарството, уредувањето на просторот, преработката на дрвото и земјоделството се суштина на животот и извонредно важни за опстанокот на нашата планета.

Изучувањето на овие науки кои секогаш нудат загарантирано работно место и знаење кое може да биде искористено за креирање на успешен бизнис се дел од наставната програма на средното општинско земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров” од Кавадарци кое ја има честа да ги негува овие науки.

Производството на здрава храна е основен императив на човештвото затоа што од неа зависи здравјето и виталноста на луѓето. Оваа благородна и важна наука се изучува во рамките на образовниот процес во училиштето години наназад, и досега креираше низа на успешни личности кои благодарение на стекнатото знаење го одредија својот професионален живот.

И покрај тоа што живееме во модерна ера, дрвото сеуште е на врвот на најценетите и најупотребуваните материјали во секојдневието. Едноставно, нема иднина без правилна нега и искористување на шумите, без облагородување на просторот во кој живееме и работиме и без топлината на дрвото вградено во се она што не опкружува.

СОЗШУ „Ѓорче Петров“ претставува организирана и квалитетна средина. Овде можат да се научат и да се откријат многу животни тајни, да се доживеат незаборавни искуства и да се надградат нивните знаења и способности, меѓусебното разбирање и етичките стандарди, да се обезбеди индивидуален развој на учениците и да се афирмираат одговорностите.

„Во овој храм на младоста се негуваат основните вредности на животот и се вплотуваат во личноста на ученикот. Личен белег на кадрите што излегуваат од нашето училиште е оригиналноста и достоинството, овенчани со хуманите вредности достојни на професијата што ја одбрале. Одлуката на учениците да ги поминат најубавите години од својот живот во нашето училиште е голема одговорност за носителите на образовниот процес и ние настојуваме да го направиме нивниот престој во СОЗШУ “Ѓорче Петров “ убав и незаборавен“ - велат од училиштето кое годинава очекува рекорден број на ученици во прва година.

РТК.МК ке посвети посебно внимание на струките кои се изучуваат во училиштето, како и за новините во школувањето со вклучувањето на медицинска струка, но и за други поединости.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА