Фудбал / Вредна победа на ГФК Тиквеш

Фудбал
Типографија

ГФК Тиквеш на Градскиот стадион во Кавадарци извојува вредна победа над една од подобрите екипи во 2-Фудбалска лига Исток-ова сеозна, Кит-Го.Противникот е победен до 1:0.Meтодија Делов го постигна единствениот гол во 65 минута. Трите бода останаа во Кавадарци што беше и цел на тренерот Љупчо Димитковски.До крајот на ова полуетапа остануваат уште две тешки средби на кавадарчани.Тие ке играат на жешките терени во Штип и Велес со Брегалница односно Борец.

Инаку во ова коло во Втората лига исток Борец ја победи Бреганица со 3 :2,Кожув го гости го победи Партизан од Обршани, а Саса и Плачковица играа без голови 0:0.