Преку овој проект на ЕУ подржан од УНДП на сите граѓани со инвалидност или пореченост им се нуди можноста да спортуват во атлетика ,шах и стрелаштво.

Прoектот го подржуваат четири невладини (Граѓански) организации  , а се спроведува во неколку градови на Македонија , меѓу нив и Кавадарци.

Во Библиотеката „Феткин„ вчера се одржа турнирот во шах.Одлична организација и голема масовност. Натпреварите привлекоа голем број натпреварувачи, а целта беше во нив да се вклучат и здрави лица. Здравите играа шах со лицата со попречености.

Проектот „Преку спорт до подобар соживот“ е имплементиран од Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Кавадарци во партнерство со граѓанските организацииПрогресс Плус Кавадарци, Инфо Сега Кавадарци и Коалиција на младински организации Сега од Прилеп, во Библиотека „Феткин“ .Вчера се одржа првиот натпревар за инклузија на лица со физичка попреченост. Одлична организација и голема масовност. Целта на овој шест месечен проект е лицата со попреченост да се отргнат од маргините на општествениот живот,нагласуваќи ги своите силни страни.

По успешно спроведените инфо денови и едукативни работилници за млади од средните училишта и спортките клубови од Кавадарци, натпреварот во шах е првиот од серијата натпревари кои следуваат. На шаховскиот натпревар учествуваа 10 лица со попреченост и 10 лица без попреченост.Најдобар  беше Јанче Сакалиев втор Миле Атанасовски и трет Богоја Јошев. Во периодот што следува се очекуваат уште натпреварите во пинг-понг,атлетика и стрелање.

Проектот е финансиран од регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD, финансирана од Европската унија (ЕУ) , а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

-„Голема благодарност до УНДП и сите невладини Здруженија кои помагаат да се одржи ова и другите натпреварувања. Се недевам дека  ке го завршиме добро проектот, а исто така и остранатите спортски напреварувања ова пролет во атлетика и стрелаштво. Масовноста беше голема“ вели Николчо Делов претседател на Сојузот за спорт на лица со попречености-Кавадарци.

20190210_121942.jpg

122223.jpg001122.jpg1122333.jpg

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА