Општина Кавадарци целосно ја ревитализира улицата „Пано Мударов“. Во последната фаза од релизацијата на проектот специјализирана екипа на ЈП„Комуналец“ вршеше обележување на хоризонталната патна сигнализација.

Доцна попладнево Градоначалникот Митко Јанчев имаше средба со Унгарскиот амбасадор во нашата земја, неговата екселенција Ласло Дукс.Во неговиот кабинет, Јанчев разговараше за проширување на соработката со Унгарија, со која подолго време се остарува одлична  презентација  на унгарската култура  во Кавадарци

Градоначалникот Митко Јанчев и Одговорната за односи со јавноста на Европски универзитет Сузана Турунџиева потпишаа договор за соработка на Општината со Првиот приватен Универзитет во земјата. На еден средношколец , Европски му обезбедува бесплатно студирање на еден од своите факултети, а плаќањето на трошоците за студурање на останатите заинтересирани  , му го овозможува и на рати.Квалитетното студирање, основен мотив за  потпишување на протоколот за соработка.

Проектот од програмата МСИП, за ревитализација на главните улици во градот продолжува. Денеска ангажираната оператива на изведувачот „Бетон“, започна со поставување на завршниот (фин) слој асвалт на улицата „Пано Мударов“.

Во организација на Созузот за училишен спорт, Општина Кавадарци-Локалана самоуправа, и Општинскиот совет за безбедност  во сообраќајот денеска во Кавадарци по петти пат  беше одржана  манифестацијата СИТЕ НА ВЕЛОСПИПЕД. Споредено со лани, бројот  на учесниците е дуплиран, а велоспедост станува составен дел на животот во Кавадарци, не само кај младите. И порака од ова средба на која зборуваа градоначалникот Митко Јанчев и претседетелот на Советот за безбедност во сообраќајот Љупчо Лазов е   помалку да се возат автомобилите а повеќе велоспедите.Милан Колев од Сојузот за учичишен спорт на Кавадарци исто така им се обрати на учесниците а се одржа и богата лотарија со главна награда велоспед.

Општината Кавадарци и ангажираната фирма за реализација на проектот „Западен булевар“ денеска извршија пробно асфалтирање на делница од 220 метри на потегот од раскрсницата кај новата бензинска во правец на Росоман.

Општината Кавадарци преку ангажираната фирма „МЗТ-Битола“ го реализира проектот за реконструкција на покривот на објектот на Спомен домот „12 Другари“ во Ваташа.

Денескка во Кавадарци се одржа показна вежба и едукација за најмладите Кавадарчани за тоа кои  возила имаат  првенство на минување, возило на итна медицинска помош, полиција и против пожарна единица. Децата имаа можност да слушнат кои се задачите на сите овие три служби, на кој телефонски број може да повикаат ако им затреба нешто.Најмладире имаа можност да влезат  во специјалните возила, да ги погледнат и слушнат звучните сирени. Настанот беше во Кавадарци, во малиот парк спроти полициска станица.На оваа показна вежба и претходеше едукација во сите детски градинки во Кавадарци, на тема: Да ги заштитиме децата во сообраќајот.

Улицата 7 Септември снимена од Домoт на Културата 1954 година. На снимката се гледаат дуќаните од десната страна на улицата, мостот на реката Луда Мара, старата трафика за цигари, а во позадината салата на ДТВ Партизан е уште во фаза на изградба.

Фотографијата е на Бранко Ивановски.

П.Камчевски

   Врз основа на програмата и календарот за работа на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Кавадарци, co цел да се омасовуваат активностите и да се зголемат придобивките од спортското живеење кај младата популација, на  22 мaj 2019 година (среда) со почеток од 11.30 часот на С.С,,Јасмин во Кавадарци,ќе се одржи масовна велосипедска парада со возење велосипеди низ улиците на град Кавадарци. Се очекува да учествуваат  со ученици од повеќе училишта во Кавадарци .Манифестација ќе биде проследена со изложба на стари велосипеди(олдтајмери) и богата лотарија .

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА