Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги разгледува сите законски решенија за надминуавње на проблемот со откупот на грозјето, истакна денеска ресорниот министер Михаил Цветков, oдговарајќи на новинарски прашања по официјалниот почеток на бербата на преспанското јаболко.

000cvetkov

Tој нагласи дека нема да дозволат грозјето да остане на нивите.

– Државата ќе направи се да не пропадне ниту едно зрно грозје и се надевам дека тоа и ќе го оствариме. Она што винариите не можат да го откупат како винско грозје да оди за дестилат. Ние во секој случај ќе ги обесштетиме лозарите, но на кој начин се уште треба да почекаме може ќе се откупи грозјето. Во понеделник ќе донесеме информација што понатака, истакна Цветков.

Временските услови, нагласи, придонесуваат да не дојде до капење на грозјето, а подрачните единици се излезени на терен денеска и утре треба да направат преглед колку грозје не е собрано,  да дадат информација во каква состојба се наоѓа и во четврток ќе има информација врз оснива на која ќе донесеме решение што понатака.

 

По неколкуте успешни изведби во Кавадарци и наградите од меѓународни фестивали учениците од гимназијата „Добри Даскалов“ со мјузиклот „Кралица на танцот” гостуваа во Шведска во училиштето Курт Николин со кое кавадаречката гимназија веќе неколку години по ред успешно соработува и реализира заеднички проекти. Мјузиклот блесна на сцената во Финспанг пред публиката – ученици од Курт Николин кои не останаа рамнодушни и цел час се забавуваа со рефрените од хитовите на групата АББА.

Соработката со Курт Николин продолжува и понатаму. Учениците од кавадаречката гимназија имаат голема желба да ја посетат Шведска, да се запознаат со нивната култура, да го запознаат нивниот образовен систем, но и шведските ученици се заинтересирани за Македонија, за Кавадарци и кавадаречката гимназија.Од минатогодишната посета на Финспанг, ученикот Ристе Мицев одлучи своето школување да го продолжи во Курт Николин и оваа учебна година веќе е нивни ученик.

Гимназијата „Добри Даскалов” е меѓу ретките училишта во кои учениците преку најразлични проекти, воннаставни активности патуваат во повеќе европски земји, ги прошируваат своите видици, разменуваат искуства и ги споделуваат со останатите ученици во интерес на училиштето и унапредување и осовременување на наставниот процес.

Лидерот на опозицијата Зоран Заев денеска се сретна со лозарите од Тиквешијата на еден од приватните пунктови каде што разговараше за проблемот со откупот на винското грозје.

Заев рече дека со најдобри намери е присутен меѓу лозарите со цел да испорача помош и препорака до Владата да заедно ги решат проблемите кој што ги имаат лозарите.

000zz

 

Претседателот на СДСМ рече:

-Овде сме денеска да испратиме порака до Владата на РМ, за некои работи да застанеме заедно, директно ја охрабруваме Владата да направи интеревентен откуп на овие 50-тина милиони килограми црно и бело грозје кој што се останати во Тиквешијата и Македонија да бидат откупени, се работи за интервенција од неповеќе од 10 милиони евра.

Заев рече дека ќе се смогнат сили директно да интервенираат и да се откупи винското грозје и таму каде што има простор да се складира за да може дел по дел да се обработи во вино и да се продаде на пазарите ширум светот.

Само на овој начин, вели тој може да им се помогне на лозарите. Зоран Заев истакна Ако падне уште една слана, дожд, родот ќе отиде на земјата. Ќе го изгубат тоа за кое работеле целата година и од што егзистираат. Ова е последна година во Република Македонија во која лозарите ќе останат незаштитени. После декември, државата директно ќе биде вклучена со интервентен откуп, во организација на пласманот на земјоделското производство, вклучително и на грозјето. Тој верува дека е добра стимулирачка последната мерка на Владата за субвенции од по три денари за килограм за винариите кои ќе откупат повеќе од шеесет проценти од ланското грозје, но според него нема во целост да ги реши проблемите.

Тиквешкиот регион годишно произведува околу 130 милиони килограми црно и бело грозје, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Никола Бадев е легенда на македонската народна музика.Заедно  со неколкумина солисти на македонскиот мелос  тој остави неизбришлива трага која трае вечно.Затоа неговата песна ке биде присутна меѓу нас додека се пее.

Општината достојно  му се оддолжи на Бадев и неговото семејство и по повод 40 годишнината од неговата смрт во Кавадарци со организира Академија посветена на бардот на македонската музика .Погледајте прилог за Академијата.

Во организација на Црвениот крст од Кавадарци, а во рамки на проектот „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности 2016“, вечерва во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ со почеток од 19 часот премиерно ќе биде поставена театарската претстава „Приказна за една идеја“.


Накратко, театарската претстава „Приказна за една идеја“ ја раскажува историјата за основањето на Црвениот крст во светот.


Влезот за театарската претстава „Приказна за една идеја“ е слободен.

 

Согласно предвидените активности од проектот „Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Македонија“ кој што седма година го реализира здружението на граѓани „Зона“ како основна членка на коалицијата на младински организации „Сега“ во гимназијата „Добри Даскалов“ и основното училиште „Тошо Велков Пепето“ од Кавадарци, осум ученици од кавадаречкото основно училиште во неделата, 25 септември, заминаа на интеркултурна размена во детското село Песталоци, во Троген, Швајцарија.Целта на размената e децата од различни култури и нации да се здобијат со знаења, вештини и способности, во делот на правата на децата, разбирање, почитување, свесност, одговорност и многу други позитивни одлики.

Заедно со учениците од Кавадарци, во Троген ќе патуваат и учениците од основните училишта од Прилеп, Тетово, Дебар и Куманово во кои исто така се спроведува истиот проект.

Покрај патувањето во Троген, во рамки на проектот „Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Македонија“ во овој период во двете училишта се спроведува демократски избор на претседатели на класови, по чие завршување ќе следи и избор на претседател на ученичката заедница.

Повеќе артикли...

DITO

Следни настани

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (day), 8 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:52 am   |   Sunset: 4:3 pm
78%     6.4 km/h     32.916 bar
Forecast
Пет Low: 2 °C High: 10 °C
Саб Low: 5 °C High: 13 °C
Нед Low: 2 °C High: 7 °C
Пон Low: -1 °C High: 3 °C
Вто Low: -2 °C High: 3 °C
Сре Low: -3 °C High: 1 °C
Чет Low: -3 °C High: 1 °C
Пет Low: -3 °C High: 3 °C
Саб Low: -2 °C High: 5 °C
Нед Low: -2 °C High: 3 °C