Во Младинскиот културен центар, вечерва во 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба „Континуум“ (Continuum) на мултимедијалниот уметник Игор Јосифов. Премиерно ќе бидат презентирани негови уметнички дела кои подоцна ќе бидат изложени во галерија во Чикаго (Defibrillator Performance Art Gallery), со што ќе биде заокружен уметничкиот проект.

Изложбата содржи уметнички дела на хартија, платно, инсталации, уметнички филмови кои го презентираат неговото творештво и креативен процес. Во делата на „Континуум“, Јосифов презентира десетгодишно истражување, размислување и можностите што огнот како алатка во уметничките перформанси го нуди за трансформација.

- Огнената рефлексија е актуелен процес на моето патување за себеистражување и слобода низ проектите како „Manumission“, „Taming Fire“, „Burning Words“, „Wit-ness“ и „2-dimensional“ - истакнува Јосифов, кој живее и работи во Сан Франциско, а неодамна се претстави и на 6. Скопска недела на дизајн.

„Континуум“ е инспириран од неговиот мултимедијален проект „Untie“, но резултира со нови обемни уметнички дела кои премиерно ќе бидат претставени вечерва во Младинскиот културен центар. По отворањето на изложбата, во киното „Фросина“ ќе бидат прикажани филмови на Јосифов.

Преземено од  Telegraf.mk

Во пожар изгореа две живеалишта во ромската населба во Кавадарци. Командирот на територијалната противпожарна единица Илчо Богевски информираше дека интервенирале со тројца пожарникари и две возила, а помогнале и двајца пожарникари со едно возило од "Кожувчанка". 

-Засега со сигурност не можеме да кажеме за причините поради кои настанал пожарот. Вложивме натчовечки напори пожарот да не се прошири на останатите објекти од населбата, рече Богевски.

 

Винарската визба „Тиквеш“ годинава откупи околу 17,5 милиони килограми грозје со вкупна вредност од 263,5 милиони денари и заклучно до 13 декември 2016 исплати околу 84 милиони денари, што е над 30 отсто од вкупната вредност на откупот.


Во Кавадарци на 60 -те избирачки места се јавиле и гласале 25.693 граѓани што е 79,13 насто, што е висока бројка на излезност.
Според Државната Изборна Комисија во општина Кавадарци партиите ги освоија овие гласови:


ВМРО-ДПМНЕ-................................................12.329
СДСМ............................................................. 11.465
КПП-Трет блок....................................................197
ЛП.......................................................................122
ВМРО за Македонија............................................444
Левица.................................................................229


Изборите поминаа во мирна , фер и демократска армосвера.

Според сто отсто добиени резултати од гласањето во Четвртата ИЕ, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 101.617 или 47,96 отсто, ДУИ 481 или 0,23 отсто, СДСМ 94.780 или 44,73, Коалиција за промени и правда 1.894 или 0,89 отсто, Либерална партија 603 или 0,28 отсто, Коалиција ВМРО за Македонија 4.723 или 2,23 отсто, Левица 1.394 или 0,66  отсто.

Синоќа во Кавадарци се одржа концерт на етно хармоника на студентите од класата на одржаа професорот Илчо Јованов од Музичката академија при Универзитетот “Гоце Делчев“ од Штип. На програмата беа композиции од познати македонски автори, македонска народна инструментална и новосоздадена музика.
-Пред четири години отворивме отсек за етно хармоника. Станува збор за прво вакво нешто на овие простори, за негување на нашата традиција. Бидејќи не е можно дрво без корен. Затоа мораме да ја сакаме и негуваме нашата традиција, во услови на наплив на музика од страна, рече професорот.
Концертот беше реализиран во галеријата при Домот на културата “Иван Мазов Климе”. Директорот на оваа културна установа Владимир Темков ја нагласи традиционалната соработка со Факултетот за музичка уметност при Универзитетот од Штип.
Настанот беше во рамките на манифестацијата “Кавадаречка културна есен” kojа ке биде затворена утревечер.

До 17 часот излезноста во Кавадрци изнесува  70,09 насто

Во Кавадарци до 17 часот гласале 70,09 отсто од гласачите, а во Росоман 75 отсто, информираа претседателите на општинските изборни комисии во двете општини, Зоран Костов и Лазо Симоновиќ.

Повеќе артикли...

МеталАпостолов
MM-Biro

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Cloudy, 20 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:0 am   |   Sunset: 8:10 pm
65%     6.4 km/h     33.051 bar
Forecast
ПонLow: 15 °CHigh: 23 °C
ВтоLow: 15 °CHigh: 21 °C
СреLow: 14 °CHigh: 21 °C
ЧетLow: 13 °CHigh: 21 °C
ПетLow: 13 °CHigh: 26 °C
СабLow: 13 °CHigh: 27 °C
НедLow: 17 °CHigh: 26 °C
ПонLow: 16 °CHigh: 27 °C
ВтоLow: 16 °CHigh: 28 °C
СреLow: 17 °CHigh: 29 °C