Од подамна некој гласно некој во себе, ама повекето со негодување реагираат на појавата на кучињата скитници на кавадаречките улици и јавни места.Со почетокот на учебната година и зголемената фрекфенција на ученици низ градот а посебно пред училиштата во Кавадарци го доведоа ова прашање од комуналната свера на површина.Кога е во прашање човечката безбедност тогаш паѓа хуманоста кон животните.Но сепак не се кавадарчани така нехумани.Тие само сакаат ова навидум едноставното прашање да се реши што побрзо или да се сведе во разумни граници.Велиме разумни затоа што во Кавадарци и покрај тоа што нема точен податок колку кучиња скитници има, сепак може да се оперира со илјадници, затоа што никогаш не било вака.

Работата е дојдена до таму некои ученици на училиште да одат и доаѓаат од него во придружба на блиски од семејството, заради стравот од напад.

-„Паркирам со колата во катната гаража, од таму излекуваат 3-4 кучиња, изгледа и гаражата му е место за преноќиште на сите кучиња скитници. На улица „7-ми септември“ ме пречекува по возрасна жена, живее на истата улица, со неа две деца, ми вика...еве каде е школото „Димка Габерот“ ама морам секој ден да го носам и земам од школото, поради кучињата кои шетаат сабајле по улицата, малиот парк спроти полицијата, катната гаража и секаде по градот.

Ова е  дел од преписката која деновиве на социјалната мрежа Фејсбук привлече голема полемика во коментарите на еден наш сограѓанин и додава: „Или нека си ги приберат Здруженијата за заштита на животните, нели треба да се грижат за нив и додека се живи, а не само да ги сликаат кога некој изнервиран или ,,уапан,, граѓанин ќе отруе, обесе, или масакрира некое куче. Тој побара поддршка од медиумите, здруженијата за заштита на животните и локалната власт.

Различни се коментарите за начинот на справувањето со појавата на кучињата скитници, но желбата  да се реши прашањето е единствена.Градначалникот Александар Панов, се сложува со состојбата повзана со кучињата скитници, и како Општина и Совет стојат на располагање на се расправа на највисокиот форум , да се изнајде соодветно решение , со соодветно парично вложување на средства за ова намена од буџетот на Општината. Формите кои досега се практикуваа не наидоа да трајно справување со ова несакана појава, но нема да е откажат ако се најде рационално решение за да бидат задоволени интересите на граѓаните, вели градоначалникот.Најважно од се е решението да биде со хуман третман за кучињата-скитници.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги разгледува сите законски решенија за надминуавње на проблемот со откупот на грозјето, истакна денеска ресорниот министер Михаил Цветков, oдговарајќи на новинарски прашања по официјалниот почеток на бербата на преспанското јаболко.

000cvetkov

Tој нагласи дека нема да дозволат грозјето да остане на нивите.

– Државата ќе направи се да не пропадне ниту едно зрно грозје и се надевам дека тоа и ќе го оствариме. Она што винариите не можат да го откупат како винско грозје да оди за дестилат. Ние во секој случај ќе ги обесштетиме лозарите, но на кој начин се уште треба да почекаме може ќе се откупи грозјето. Во понеделник ќе донесеме информација што понатака, истакна Цветков.

Временските услови, нагласи, придонесуваат да не дојде до капење на грозјето, а подрачните единици се излезени на терен денеска и утре треба да направат преглед колку грозје не е собрано,  да дадат информација во каква состојба се наоѓа и во четврток ќе има информација врз оснива на која ќе донесеме решение што понатака.

 

 

Над триста трговци се очекува да се појават на традиционалниот „Есенски панаѓур“ кој овој пат ќе се оддржи една недела порано од вообичаеното време , односно на 7, 8 и 9 октомври, петок, сабота и недела.

Стандардно, локацијата и годинава останува непроменета .Панаѓурските тезги ќе бидат поставени на булеварот „Никола Минчев“  , поранешен „Едвард Кардељ“ ,на потегот од кружниот тек кај новата автобуска станица, до спојот со „Северен Булевар“,.Покрај овие улици целосно затворен за сообраќај во деновите на оддржувањето на панаѓурот ќе биде и булеварот „Македонија“ од спојот со улиците „Орце Николов“ до булеварот „Цветан Димов“.

Предвидено е поставување на санитарен јазол и вода за корисниците, со цел да бидат поштедени околните подруми на зградите и другите објекти кои и покрај желбата на организаторот, секоја година страдаат од несовесните или помалку внимателните посетители или продавачи на Панаѓурот.

Лидерот на опозицијата Зоран Заев денеска се сретна со лозарите од Тиквешијата на еден од приватните пунктови каде што разговараше за проблемот со откупот на винското грозје.

Заев рече дека со најдобри намери е присутен меѓу лозарите со цел да испорача помош и препорака до Владата да заедно ги решат проблемите кој што ги имаат лозарите.

000zz

 

Претседателот на СДСМ рече:

-Овде сме денеска да испратиме порака до Владата на РМ, за некои работи да застанеме заедно, директно ја охрабруваме Владата да направи интеревентен откуп на овие 50-тина милиони килограми црно и бело грозје кој што се останати во Тиквешијата и Македонија да бидат откупени, се работи за интервенција од неповеќе од 10 милиони евра.

Заев рече дека ќе се смогнат сили директно да интервенираат и да се откупи винското грозје и таму каде што има простор да се складира за да може дел по дел да се обработи во вино и да се продаде на пазарите ширум светот.

Само на овој начин, вели тој може да им се помогне на лозарите. Зоран Заев истакна Ако падне уште една слана, дожд, родот ќе отиде на земјата. Ќе го изгубат тоа за кое работеле целата година и од што егзистираат. Ова е последна година во Република Македонија во која лозарите ќе останат незаштитени. После декември, државата директно ќе биде вклучена со интервентен откуп, во организација на пласманот на земјоделското производство, вклучително и на грозјето. Тој верува дека е добра стимулирачка последната мерка на Владата за субвенции од по три денари за килограм за винариите кои ќе откупат повеќе од шеесет проценти од ланското грозје, но според него нема во целост да ги реши проблемите.

Тиквешкиот регион годишно произведува околу 130 милиони килограми црно и бело грозје, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Во организација на Црвениот крст од Кавадарци, а во рамки на проектот „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности 2016“, вечерва во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ со почеток од 19 часот премиерно ќе биде поставена театарската претстава „Приказна за една идеја“.


Накратко, театарската претстава „Приказна за една идеја“ ја раскажува историјата за основањето на Црвениот крст во светот.


Влезот за театарската претстава „Приказна за една идеја“ е слободен.

 

Општина Кавадарци во рамките на програмата за комунална изградба, деновиве изврши асвалтирање на неколку улици во три села. За оваа намена од Буџетот се одвоени близу 1.800.000 денари. Оперативата на фирмата „Урбан Инвест“ од Кавадарци, согласно тендерската постапка изврши асвалтирање на вкупно 5 улици во селата Дреново, Марена и Сопот со површина од 1320 м2.

Вчера во селото Дреново е асвалтираа 2 улици со површина од 450 м2, за што се потрошени 590.000 денари. Претходно беа асвалтирани исто така две улици во село Марена со површина  од 450 м2, за сума од 587.000 денари. Во склоп на овој бран од комуналната изградба во селата, општината инвестираше и во асвалтирање на една улица во селото Сопот. За таа намена од буџетот се издвоија 585.000 денари а беше асвалтирана површина од 420 м2.

Со овие зафати Локалната самоуправа  инвестираше во подобрување на комуникациите во овие развиени кавадаречки села, а тоа ќе има директно влијание врз стандардот на живеење на граѓаните.

 

Согласно предвидените активности од проектот „Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Македонија“ кој што седма година го реализира здружението на граѓани „Зона“ како основна членка на коалицијата на младински организации „Сега“ во гимназијата „Добри Даскалов“ и основното училиште „Тошо Велков Пепето“ од Кавадарци, осум ученици од кавадаречкото основно училиште во неделата, 25 септември, заминаа на интеркултурна размена во детското село Песталоци, во Троген, Швајцарија.Целта на размената e децата од различни култури и нации да се здобијат со знаења, вештини и способности, во делот на правата на децата, разбирање, почитување, свесност, одговорност и многу други позитивни одлики.

Заедно со учениците од Кавадарци, во Троген ќе патуваат и учениците од основните училишта од Прилеп, Тетово, Дебар и Куманово во кои исто така се спроведува истиот проект.

Покрај патувањето во Троген, во рамки на проектот „Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Македонија“ во овој период во двете училишта се спроведува демократски избор на претседатели на класови, по чие завршување ќе следи и избор на претседател на ученичката заедница.

Повеќе артикли...

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Clear (night), 20 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:17 am   |   Sunset: 7:59 pm
65%     11.3 km/h     33.017 bar
Forecast
СабLow: 17 °CHigh: 34 °C
НедLow: 16 °CHigh: 37 °C
ПонLow: 17 °CHigh: 35 °C
ВтоLow: 19 °CHigh: 27 °C
СреLow: 20 °CHigh: 30 °C
ЧетLow: 18 °CHigh: 27 °C
ПетLow: 18 °CHigh: 28 °C
СабLow: 18 °CHigh: 29 °C
НедLow: 19 °CHigh: 31 °C
ПонLow: 19 °CHigh: 30 °C