Три месеци откако тиквешките точакџии им овозможија на голем број кавадарчани, но и македонци на велосипед и пеш да се запознаат со Алшар и мистичноста на Кожув планина, македонската јавност има нова можност да ги доживее недопрените предели на Кожув.

Во организација на офроад клубот „Трибор“ од Кавадарци, следната недела, 25 септември, ќе се оддржи првото издание на „Off Road All" во кое сите вљубеници на возењето во офроад услови ќе можат да уживаат во убавините на Кожув.

Според планираното, турнејата ќе стартува во недела, 25 септември, во 7 часот, пред ресторан „Белисимо“, од каде моќните машини со погон на четири тркала ќе се упатат кон Мрежичко, Рожден Арничко, Мешник, Трибор, Караула, Г. Козјак, М. Круша, Г. Круша, Мајден и Михајлово.

Можност да учествуваат на оваа прва, но доста интересна турнеја имаат сите вљубеници во офроад возењето кои поседуваат возило со погон на четири тркала, и истото е бесплатно. Сите заинтересирани можат да го потврдат своето учество на телефонските броеви 078215005 и 070677771.

 

Во 20 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе биде отворена изложба фотографии од авторот Александар Ѓорѓиев. Изложбата носи наслов “Анаграми за себепрепознавање“.

Во Кавадарци  денеска се промовира јавно улично осветлување со лед светилки на фотоволтаично напојување.Струјата се добива од сонцето.Се најавува ваков вид осветлување и  во Градскиот парк.Повеке погледајте во видеото.

               Oпштина Кавадарци и годинава како резултат на позитивното искуство од лани, спроведува проект за „Грижа на стари, изнемоштени и лица со оштетен вид„.

               Програмата е финасирана од УНДП а се спроведува во соработка со МТСП и АВРМ.Детали за работното ангажирање на 6-мина наши сограѓани погледајте во видеото.

 

Во Кавадарци денеска се одржa  Стоматолошки симпозиум-10 по ред, со меѓународен карактер, во организација на Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи.

Претседателот на Организациониот одбор Весна Чемерска-Попова изрази задоволство што симпозиумот е масовно посетен од околу триста учесници, доктори по стоматологија. Предавачи се професори доктори од стоматолошки факултети од земјава и странство.

-Се надеваме дека овој симпозиум ќе придонесе докторите по стоматологија да се стекнат со нови знаења кои ќе ги применат во своите ординации, се со цел пациентите да добиваат подобра услуга, рече таа во изјава за медиумите.

Притоа нагласи дека на симпозиумот се говори за современата стоматологија. Се мисли на користењето на компјутеризирана  томографија, новите начини за рентген снимање, примена на ласерите во стоматологијата.

 

Учениците од средните училишта од  Македонија во сабота на  17 септември во Кавадарци ке го одржат натпреварот по прва помош.Според престедателот на Општинската организација на Црвен крст на Кавадарци,Димитар Каракулев се очекува да учествуваат околу 30 екипи од повеке градови на земјата.

Свеченото отварање е закажано во Спортската сала Јасмин  во 10 часот а натпреварите ке се одвиваат во Градскиот парк во времето од 10.30 до 17 часот.Заинтерсираните граѓани можат да погледаат на лице место како правилно се укажува прва помош од страна на победниците на Општинските натпревари во градовите во Македонија.

 

Во организација на Црвениот крст на Македонија, денеска во Кавадарци по 25 пат се одржува државен натпревар по прва помош, се натпреваруваат околу 200 среедношколци од 28 градови, распоредени во посебни екипи.    

-Настанот претставува голем празник за нас.  Првата помош е многу важна во животот, бидејки никој не знае кога таа  ке му затреба, рече Димитар Каракулев, претседател на Општинската организација на Црвениот крст од Кавадарци.

Најдобрата екипа ќе ја претставува Македонија на европскиот натпревар по прва помош.

Доктор Милчо Трајков, претседател на републичкиот Црвен крст, нагласи дека сите граѓани треба да бидат обучени да пружаат прва помош во разни неприлики.

-Оваа година прославуваме 71 година од постоењето на нашата  организација. Покрај другите активности кои ги имаме, ние постојано ја промовираме и првата помош, рече тој во изјава за медиумите.

Повеќе артикли...

Подкатегории

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Partly Cloudy (day), 22 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:44 am   |   Sunset: 5:50 pm
37%     11.3 km/h     33.288 bar
Forecast
ПонLow: 11 °CHigh: 24 °C
ВтоLow: 8 °CHigh: 24 °C
СреLow: 8 °CHigh: 25 °C
ЧетLow: 10 °CHigh: 25 °C
ПетLow: 9 °CHigh: 24 °C
СабLow: 10 °CHigh: 24 °C
НедLow: 12 °CHigh: 22 °C
ПонLow: 9 °CHigh: 20 °C
ВтоLow: 8 °CHigh: 18 °C
СреLow: 7 °CHigh: 18 °C