На средба со лозарите денеска министерот за земјоделие Љупчо Николовски  со соработниците и градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев соопштија дека деновиве, а пред Св.Трифун , ке бидат исплатени сите заостанати средства од предадено грозје во винарите во реколтата 2015 и 2016 година, во „Повардарие“, „Стефани вајнерс“ и други помали винарии.До празникот на лозарите и непосредно по него лозарите ке ги добијат и средствата за субвенции.

Деновиве започна со реализација проектот за изградба на кеј шеталиште на реката Луда Мара низ селото Ваташа.Станува збор за четвртата фаза од изградбата на кејот. Согласно проектот треба да се изградат 770 должни метри нов кеј на потегот од паркингот кај зградите „Силекс“ до последниот мост на регионалниот пат.

За реализација на овој проект општината ќе инвестира 20 милони денари.

На денешната прес конференција на  Здужението “Напредни лозари„ јавноста е информирана за преговорите за исплата на заостанатите долгувања за предадено грозје на „Стефани вајнерс“ и „Повардарие„,изготрвувањето на Законот за вино и шансите парите  лозарите да ги добијат пред празникот „Свети трифун“.

Изјави на Трајче Кулев-претседател на  „Напредни лозари„

Зоран Пешков- секретар на „Напредни лозари„

Симон Лазороски-потпретседател на „Напредни Лозари„

Утре петок, на 1 февруари 2019, со почеток од 19 часот, во салата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе се одржи традиционалниот Годишен концерт на Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ кој работи при кавадаречкиот Дом на култура. Изјава на Борче филов-раководител на ФА„Тиквеш„.

Врз основа на член 34 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и 64/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02), член 22, алинеја 12 од Статутот на Општина Росоман, и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Росоман за 2016 година со УП1-5 од 25.07.2016 година, од Советот на Општина Росоман, Градоначалникот на Општина Росоман го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна презентација и јавна анкета

по изработување на  урбанистички план за село Росоман- Општина Росоман

Граници на опфатот се : Граница на постоечки УПС

Опфатот е со површина од 189,10ха.

Стручна расправа и јавна анкета по изработување  на  урбанистички план за село Росоман – Општина Росоман,  ќе се спроведе со излагање наурбанистичкиот план  во просториите на Општина Росоман.

Јавната анкета трае 5 работни дена, од 04.02.2019 до 08.02.2019 година, секој работен ден од 7:30 до 15 :30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 04.02.2019 година во 11:00 часот во просториите на Општина Росоман (Сала за состаноци).

      УП Бр.5/2016                                                    ОПШТИНА РОСОМАН

      Во Росоман на ден                                              ГРАДОНАЧАЛНИК

28.01.2019 год.                                                            Бранко Јанев

Повеќе артикли...

Подкатегории