ЛС Кавадарци / Рушена уште една склонопадна куќа на улица „Добри Даскалов„
Општина Кавадарци денеска реализираше проект за проширување на улицата „Добри Даскалов“. Оперативата на донаторот „Кожувчанка“ изврши рушење на стара дотраена куќа подложна на паѓање кај “Кривата чешма„.
Стари фотографии на Кавадарци-Пошумување на „Љубаш„ 1956 година
Пред 60-сетина години нашите кавадарчани се грижеле за својата животна околина.
Квалитет на воздухот / Кавадарци и Ваташа
Квалитетот на воздухот денеска и покрај снегот кој паѓа од утринава, е значително влошен.Во 11 часот во Кавадарци концентарцијата во воздухот во однос на ПМ-10 честичките изнесуваше 128 мг/м3 во центарот на градот, во Новиот центар 117 мг/м3 а во село Ваташа значотелно помалку 60,5 мг/м3
Фото / Протест на лозарите на Градскиот плоштад во Кавадарци
Лозарите од Кавадарци на Градскиот плоштад во Кавадарци денеска одржаа протест .
ЛС Кавадарци / Рушена склонопадната куќа во Ваташа
Денеска е пристапено кон рушење на склонопадната куќа во се село Ваташа која е лоцирана пред Спомен куќата на народниот херој„Страшо Пинџур“.Овој простор повеќе од 50 години го отежнува сообраќајот особено движењето на пешаците.Со рушењето на ова стара куќа се отвара видикот за куќата на истакнатиот ваташки револуцонер Димката Ангелов Габерот, која се наоѓала зад куќата која денеска е рушена.
Инел Интернационал / Услугите фукционираат нормално
Сите услуги на кабловскиот оператор Инел Интернационал на подрачјето на Општина Кавадарци, и другите општини ,освен Демир Капија и покрај можните проблеми од снегот, работат беспрекорно.Попладнево по воспоставувањето со електрична енергија во фукција се и услугите на кабловскиот оператор и во Демир Капија.Главните доводни линии и мрежи фукционираат а поголеми проблеми нема ниту кон крајните корисници.На повици на граѓаните одредени прекини се решаваат интервентно.Од Инел дознаваме дека, како што тоа е вообичаено,за време на викендот дежурните екипи ќе бидат подготвени да интервенираат насекаде каде кабловскиот сообраќај ќе бидат во прекин.Засега нормално фукционираат главните водови кон Росоман, односно Неготино и Демир Капија.
ФОТО /Снег во Кавадарци / Брзо и ефикасно справување
Снегот во Општина Кавадaрци не предизвика поголеми проблеми .Се 'сe решаваше во 'oд .
Росоман / Решен проблемот со водоснабдувањето
Воспоставено нормално снабдување со вода за три населени места во Росоманска општина