фото ФБ профил Село Горна Бошава

Во Македонија и во Тиквешијата денеска попладне  темепературите значително се спуштија во просек  до 2-от степен Целзиусов.Студениот и влажен бран  донесе дожд на пониските и снег на повисоките места,особено планинските.Засега неофијално , имаме информации за  врнежи од снег во селата Горна Бошава,Бохула,Чемерско и други села а  неколку сантиметри висок  снег има и на 1.100 метри високото летувалиште Михалово .Висината според раководителот Љупче Глигоров е 3-4 сантиметри.Патот до ова убаво летувалиште прооден.

Снег има на Витачево и  во другите поткожувски села .

По 16.30 снег врне и во Кавадарци.

Зимската служба на, Локалната самоуправа, Комуналец и  Оперативата на Градба Промет, која во надлежност го има одржувањето на патиштата и улиците  ова зима ,  ја следи состојбата со врнежите и ке интервемнира веднаш штом за тоа има потреба за тоа.

Ваквото време ке трае до утре кога ке настане разведрување и веќе во вторник и среда  ке настапи значително затоплување особено во текот на денот.

46463471_656261488104740_4487533559170465792_n.jpg

 

 

Во понеделник на 19 ноември 2018 од 19 часот во Галеријата при Домот на културата во Кавадарци - промоција на две детски книги од познатата кавадаречка поетеса за деца Тодорока Андова. Станува збор за книгите “Сонот на едно дете“ и “Разиграни букви“.

Важни три бида за ГФК Тиквеш освоени на Градски во саботната средба со Кит-го.Голот во 65 минута го постигна Методија Делов.Се поголеми се шансите Тиквеш в година да го гледаме во Прва Лига. Но има уште доста да се игра.Ова полуетапа најверојатно ке ја презимееме на 2 место во 2 Фудбалска лига исток.Oстанува ГФК Тиквеш да одигра два тешки натпревари ; со Брегалница и Борец .И двете ги игра во гости.

- Сто години на изволте.Во кое време да го сместиме дејствието на оваа наша приказна??? Во кое сакате, господа!!!  Градење доверба во несигурни времиња . Секое време, е несигурно време...

Деновиве во Кавадарци и Скопје со свечености и два концерти беше одбележана 100 годишнината од раѓањето на големиот македонски пеач и собирач на народни песни , Никола Бадев.Кавадарци со пиетет му се оддолжи на Бадев, му подигна споменик во центарот на градот, отвори спомен соба во новиот Музеј и организира концерт.И во Скопје  исто така беше одржан  голем концерт на кој настапија познати македонски интерпретатори и естрадни личности.

РТК.МК во редовната рубрика Стари фотографии на Кавадарци објавува фото-на кое Бадев , на помлади години е фотографиран со една од неговите ќерки Роска-Бадева која исто така беше исполнител на народни песни.

Фотографија датира од 1970 година.

Активен однос на пратеникот Панчо Минов  во амандманскат расправа за промена на Уставот, и прашања поврзани со отпис на камати за неплатен надомест за вода за наводнување  и исплата на заостанати пари за предадено грозје

Повеќе артикли...

Подкатегории

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Sunny, 0 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:54 am   |   Sunset: 4:5 pm
73%     1.6 km/h     33.424 bar
Forecast
Сре Low: -3 °C High: 2 °C
Чет Low: -3 °C High: 3 °C
Пет Low: -1 °C High: 3 °C
Саб Low: -1 °C High: 5 °C
Нед Low: -1 °C High: 7 °C
Пон Low: 0 °C High: 6 °C
Вто Low: 0 °C High: 8 °C
Сре Low: -1 °C High: 3 °C
Чет Low: -1 °C High: 2 °C
Пет Low: -3 °C High: 1 °C