Невреме во Кавадарци

Кавадарци
Типографија

Дождот,ветрот,и електричните празнења направија големи штети.За кратко време наврнаа 30 литри на метар квадратен.


Вчерашното невреме проследено со силен ветер,дожд и громотевици беше најсилно во Кавадарци ова година. Според комуналци на осум локации откорнати се или искршени големи стебла, гранки –делови од дрворедите што зборува за силата на природата.Особено ова е забележително во новиот центар каде на Кружниот тек , улицата „Цветан Димов“ , кејот на реката . Бележиме кршење и паѓање на врба во коритото на реката „Луда Мара„ над мостот „Слога“.Слични случаи има и на други делови, а можеби се и повеке, со оглед на тоа што некои информации не стигнуваат до нас.

19149157_10155488103477566_6436100861858230579_n.jpg


Вo Организационата едница „Хигиена и зеленило“ детално не информираа за 8-места кадe забележителни поголеми штети на дрвореди,улици и други објекти.Нивни екипи  заедно со изнспектори на Локалната самоуправа од синоќа се низ градот: го чистат теренот; се ослободуваат тротарите од гранки, нанос и слично.На места каде е потребно како во близина на ВВ „Тиквеш“, и други места,механизација врши чистење на наносот од делот на регионалната делница која поминува овде. Слични интревенции ке има речиси цел ден и утре.Забележително е дека старите гнили дрвја се искршени од ветерот и со ова се потврдија советите на стручните лица во Комуналец кои пролетва вршеа нивно сечење токму поради опасноста од паѓање при поголем ветер.Во Градскиот парк, освен искршени гранки нема погполеми штети.

19260799_10155488097637566_992052257619150098_n.jpg

 

19113542_10155488103482566_6717032126953069937_n.jpg

 

 Инаку поради голмата количина дожд кој падна за кратко време, (30 литри на м2) атмосферската кализација и одводот не можеа истата да ја примат и дотечента вода се излеваше по улиците.На ова влијаат индивидуалните приклучувања на одводните буки од куќите во фекалните колекторски системи од кои поради големата колилина вода се излејаа.Најлоша како и по секој дожд , беше состојбата на заобиколницата „Северен Булевар„ каде буквално не можеше да се помине. Инаку ова невреме и штетите од него треба да биде поука веднаш да се исчистат сите шахти во градот од отпадоци и наноси со кои некои шахти се полни.Најмногу поради неодговорен однос на граѓаните кои фрлаат се и сешто, но и поради  нередовно нивно одржување.Овде треба под итно да се интервенира со соодветно гражено решение зашто состојбата по дожд се повторува многу пати.Има и поплавени подруми.Штетите по правило се пријавуваат во Граѓанскиот центар во Кавадарци каде досега се евидентирн и 3 пријавувања на штети.Овде ѓраѓаните треба да се јават за да се евидентира штетата.

Инаку од граѓани кои живеат во близина на паркот кај „Поланата“ дознаваме дека гром синоќа удри во дрво во паркот и го поделил на половина .Комуналци утринава го расчистија овој простор и затоа немаме снимка одовде.Дознаваме дека еден дел од градот поради кинење на електрични водови останал без елекрична енергија.Покрај дожд, падна и  град.За евентуалните штети засега нема информација, но неиофицијално дознаваме дека на дел од површините на АД„Гоце Делчев-Тиквеш“ се забележани штети од град.

За вечер и наредните денови се најавува ново невреме !

DITO

Следни настани

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (day), 9 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:52 am   |   Sunset: 4:3 pm
74%     0.0 km/h     32.916 bar
Forecast
Пет Low: 2 °C High: 10 °C
Саб Low: 5 °C High: 13 °C
Нед Low: 2 °C High: 7 °C
Пон Low: -1 °C High: 3 °C
Вто Low: -2 °C High: 3 °C
Сре Low: -3 °C High: 1 °C
Чет Low: -3 °C High: 1 °C
Пет Low: -3 °C High: 3 °C
Саб Low: -2 °C High: 5 °C
Нед Low: -2 °C High: 3 °C