(Видео) Oбразование-пракса-вработување

Кавадарци
Типографија

СОУ „Киро Спанџов-Брко“ од Кавадарци образува кадри за две струки - машинска и електротехничка.

Одовде излегуваат кадри обучени за машински техничар и автотехничар мехатроничар, како и електротехничар-енергетичар, електротехничар за компјутерска техника и автоматика и електротехничар за електроника и телекомуникации.

099787587878787.jpg.jpg

Претстојат уписите на нови ученици во Средното индустриско училиште „Киро Спанџов-Брко“ .

На 28 и  29 јуни ке се одвива првиот уписен рок во СОУ„Киро Спанџов Брко“, а резултатите од уписот ке бидат соопштени на 30 јуни. Вториот уписен рок пак е предвиден за 5 јули , а веке наредниот ден на 6 јули ке бидат соопштени резултатите .Последниот уписен рок за учениците кои ке се решат своето средно образование да го оформат во „Киро Спанџов Брко„ го имаат на 24 август годинава, додека резултаите од уписот ке се соопштат наредниот ден.

KSB_3.jpgНа 12 јуни во Средното училиште за образување на кадри за стручно образование „Киро Спанџов Брко“ во Кавадарци, се понуди можност за нови образовни видици.Имено компанијата „Дрекслмајер„ на идните и сегашните средношколци во кавадаречкото училиште им понуди практична работа која би се изведувала во фабриката во Кавадарци.Таа е со програма според европски стандарди,трае 5 до 9 часови,се одвива во комплетно опремени работилници и на модерни машини инструменти и технички помагала и овозможува примена на теоретските знаења во пракса.Во рамките на ова обука компанијата од Кавадарци обезбедува превоз од училиштето до фабиката,топол оброк,симболичен паричен надоместок.На крајот се издава сертификат со печат на Дрексмајер и најважното: се создава можност за вработување по успешното завршување на средното училиште.

 

220203009090909.jpg.jpg

Истовремено се обучуваат и тренери-наставници од Средното индустриско училиште во Кавадарци кои преку практична настава ќе им ги откриваат тајните на учениците од областа индустриска мехатроника.  Нова презентација со слична содржина предвидена е на 28 јуни годинава.

 Инаку училиштето спроведува пракса и во кавадречката компанија  „ИГМ-Трејд“ каде ,кандидатите се здобиваат со потребните искуства  за работа во машинската струка, притоа користејќи ги потребните услови за нејзино практично спроведување.

 

 

 

Следни настани

RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Partly Cloudy (day), 27 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:0 am   |   Sunset: 8:10 pm
45%     6.4 km/h     32.983 bar
Forecast
Пон Low: 16 °C High: 38 °C
Вто Low: 18 °C High: 36 °C
Сре Low: 17 °C High: 39 °C
Чет Low: 18 °C High: 40 °C
Пет Low: 18 °C High: 41 °C
Саб Low: 20 °C High: 41 °C
Нед Low: 20 °C High: 35 °C
Пон Low: 19 °C High: 30 °C
Вто Low: 17 °C High: 29 °C
Сре Low: 16 °C High: 30 °C