Kонцерт на традиционална кинеска музика на Камерниот оркестар на ЕЛК-Кина

Кавадарци
Типографија

Гости на вечерта Фолклорен ансамбл „Тиквеш„ при Домот на културата –Кавадарци

На 11 август  во 20 часот на Градскиот плоштад во Кавадарци со целовечерен концерт ке се претстави Камерниот оркестар ЕЛК-од Кина.Овој оркестар  е основан во септември 2016 година, а неговите членови доаѓаат од најпрестижните музички установи во Кина, како Кинескиот конзерваториум и Колеџот за музика „Капитал“ од Пекинг. Оваа динамична група ја сочинуваат млади професори по музика, студенти и независни музичари. Нивната идеја е да создаваат музика која преставува рефлексија на нивните индивидуални музички гледишта, традицијата и современото живеење, националниот идентитет и космополитизмот. Ваквиот пристап кон музиката резултира со ревидирање на кинеската национална музика, при што тие се одлучни во ставот дека треба да се зачуваат вредностите на традиционалната кинеска музика, додека истовремено се искористуваат современите музички трендови. Идејата е, на тој начин, да се  добијат нови, оригинални композиции.

Поради нивниот професионализам и висок стандард на изведби, Камерниот оркестар ЕЛК, како еден од најквалитетните музички ансамбли, е избран од страна на Кинеското министерство за култура да ја промовира кинеската култура низ светот.    

DITO

Следни настани

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (night), 12 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:47 am   |   Sunset: 5:47 pm
75%     11.3 km/h     33.525 bar
Forecast
Вто Low: 8 °C High: 26 °C
Сре Low: 8 °C High: 27 °C
Чет Low: 8 °C High: 26 °C
Пет Low: 7 °C High: 25 °C
Саб Low: 9 °C High: 25 °C
Нед Low: 11 °C High: 26 °C
Пон Low: 9 °C High: 24 °C
Вто Low: 9 °C High: 18 °C
Сре Low: 7 °C High: 18 °C
Чет Low: 5 °C High: 19 °C