(Видео)Грозје,вино и Северина-на Тиквешки гроздобер 2017

Кавадарци
Типографија

 Богатата програма трае  на  7,8,9 и 10 септември 2017.

Компанијата  „Темов“ ФШТ ДОО Скопје  со Агенцијата за организирање на Тиквешки Гроздобер  годинава ги прифати сите добронамерки забелешки и ги подготви содржините со кои се смета ке се привлече вниманието на домашната јавност и гостите кои ке дојдат на ова  етаблирана манифестација која трае повеке од 50 години во Кавадарци.

Буџетот за  годинашниот Тиквешки гроздобер изнесува 5.970.000 денари. Само општиа ке  покрие 4 милиони денари.

Еве дел од содржините од кој најголем дел ке се одвиваат на Градскиот плоштад.

 

tg06-06.jpg

          На 7-ми  Септември  Советот ќе одржи свечена  по што ке ќе се одржи концерт посветен на песната на доајенот на македонската народна музика Никола Бадев. Отворање на Гроздоберот е предвидено за 8 септември од 12 часот со Изложба  на Петре Камчевски посветена на досегашните манифестации Тиквешки гроздобер . Во 13 часот ќе се дегустираат грозје и вина на градскиот плоштад. За вечерта се планирани концерти на „Чили плеј бенд“ и „Нокаут“, а на полноќ ќе се избираат крал и кралица на Гроздоберот.

tg06-10.jpg

 

Во сабота на  9 септември во програмата е планирана таблијадата, приемот на делегации од градоначалникот .Една од позначајните измени е одржувањето на Дескиот карневал-во сабота од 18 часот по што следува Винскиот карневал. Потоа следува уметнички перформанс со оган и светлосни и звучни ефекти. Потоа за присутните на манифестацијата целовечерен концерт ќе одржи музичката звезда – Северина.За 10 септември  планирани се настапи на ДЏ Никифор и Депеш мод – трибјут.(Еве ги деталите од Програмата :Зоран Станоев-Дејзи-Агенција за организација на Тиквешкиот гроздобер 2017.)

МеталАпостолов

Следни настани

MM-Biro

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Cloudy, 10 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:17 am   |   Sunset: 5:15 pm
75%     11.3 km/h     32.882 bar
Forecast
ЧетLow: 6 °CHigh: 12 °C
ПетLow: 6 °CHigh: 11 °C
СабLow: 5 °CHigh: 8 °C
НедLow: 0 °CHigh: 5 °C
ПонLow: -1 °CHigh: 1 °C
ВтоLow: -2 °CHigh: 7 °C
СреLow: -7 °CHigh: 0 °C
ЧетLow: -5 °CHigh: 2 °C
ПетLow: 0 °CHigh: 7 °C
СабLow: 2 °CHigh: 13 °C