Од 20 август Ликовна колонија„Kaвадарци-Михајлово 2017“

Кавадарци
Типографија

Во недела, на 20 август 2017, свечено ќе биде отворено најновото издание на ова Меѓународната ликовна колонија која е убедливо најреномираниот настан од ваков тип во државата и на Балканот.


Отворањето ќе содржи два настани, на две локации и тоа:
- Во 20 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ ќе биде отворена изложба на ликовниот уметник Марјана Костојчиноска Узунчева
- во 21 часот, во Хотел Уни Палас 2, со свечен коктел и официјално ќе биде отворена за работа и творење ликовната колонија.
За време на одржувањето на колонијата ќе бидат отворени уште две изложби и тоа на ликовниот уметник Лаура Димитрова од Бугарија (25 август во Музеј Галерија Кавадарци) и Меѓународна уметничка фотографска изложба во организација на познатиот албански фотограф Саимир Ахмети (Галерија при Дом на култура Кавадарци).
На Меѓународната ликовна колонија „Кавадарци - Михајлово 2017“ ќе земат учество пеесетина ликовни уметници од повеќе земји меѓу кои и: Драган Најденовски, Влатко Симоновски, Стефан Хаџи Николов, Новица Трајковски, Драги Хаџи Николов, Ајсер Есра Шабани, Ефтим Ристов, Решат Амети (Македонија), Елизабет Лиса Христова, Красимир Тодоров, Селма Тодорова, Лаура Димитрова, Стефан Алтаков (Бугарија), Eleni Fotopoulou (Грција), Ilda Kurbasevic, Nina Schreiber, kelena Frida Stosic, Svetislav Slavkovic Kajzer (Србија), Vahid Akan, Sefkat Islegen, Saban Okan, Vahid Novryzov (Турција), Julija Petrovna (Италија), Muhamed Metis, Faton Kryeziu (Косово), Saimir Ahmeti (Албанија) и многу други.

DITO

Следни настани

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (day), 8 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:52 am   |   Sunset: 4:3 pm
78%     6.4 km/h     32.916 bar
Forecast
Пет Low: 2 °C High: 10 °C
Саб Low: 5 °C High: 13 °C
Нед Low: 2 °C High: 7 °C
Пон Low: -1 °C High: 3 °C
Вто Low: -2 °C High: 3 °C
Сре Low: -3 °C High: 1 °C
Чет Low: -3 °C High: 1 °C
Пет Low: -3 °C High: 3 °C
Саб Low: -2 °C High: 5 °C
Нед Low: -2 °C High: 3 °C