(Видео) Откуп на трпезни сорти на грозје во „Пеца Комерц„-Kавадарци

Кавадарци
Типографија

Oва фирма и годинава врши откуп и пласман на трпезно грозје кое го пласира  на пазарите во Србија и други земји.

Кавадаречката компанија „Пеца Комерц„ и годинава ги отвори вратите за  откуп на трпезни сорти на грозје.Сопственикот и директор на претпријатието Блашко Темов вели дека  родот на трпезните сосрти ова година потфрли како резултат на двете измрнувања на лозјата во месеците јануари и април.Површините  кои останаа за берба, го  дадоа максимумот, но севкупно  тој е намален за над 50 насто ако споредуваме со лани.

-Точно е тоа, и ние го чувствуваме на понудените количини за откуп, вели Менча Маркова, одговорна за спроведувањето на откупот во „Пеца Комерц„. „Јас би рекла дека за разлика од минатата година и годините наназад, родот е намален со голем процент .Квалитетот на грозјето е добар, но и тоа зависи од примената на сите потребни земјоделски операции  а пред се наводнувањето  кај сортите: Кардинал,Рибиер,Викторија,Стршински,Мишел Палиер и другите трпезни сорти.

„Пеца Комерц“ во овој прв откупен бран во своите ладилнички капацитети ги прибра и складира главно понудените количини Кардинал и Викторија, а од наредната недела се стартува со Мишел Палиер и Рибиер, две веќе одомаќени сорти кои се бараат на пазарите надвор од земајата, сорти кои трпат транспорт и спаѓаат во рамките на сортиментот на грозје кое не е многу благо и е добро за конумација.

-„За Кардиналот и Викторијата откупната цена која „Пеца Комерц“ ја прифаќа е 25 денари, што сметаме е коректен износ за оние кои ке решат да донесат кај нас, а исплатата е за 10 до 14 дена на трансакционите сметки на лозарите, што е пракса која ја применуваме повеке години наназад.Имаме наши кооперанти, чиј квалитет на грозјето и лично го следат наши агрономи.Во моментов освен во Тиквешкиот регион откупуваме трпезно грозје и во Гевгелискиот и  Валандовскиот регион“,вели Маркова.

Откупот во „Пеца Комерц“ според планирањата ке трае се додека има грозје на лозовит плантажи за консумација –до крајот на месец септември.

МеталАпостолов
MM-Biro

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Cloudy, 18 °C
Current Conditions
Sunrise: 4:59 am   |   Sunset: 8:10 pm
45%     6.4 km/h     33.153 bar
Forecast
НедLow: 12 °CHigh: 23 °C
ПонLow: 14 °CHigh: 22 °C
ВтоLow: 15 °CHigh: 20 °C
СреLow: 14 °CHigh: 19 °C
ЧетLow: 14 °CHigh: 23 °C
ПетLow: 12 °CHigh: 26 °C
СабLow: 14 °CHigh: 25 °C
НедLow: 16 °CHigh: 27 °C
ПонLow: 16 °CHigh: 27 °C
ВтоLow: 18 °CHigh: 32 °C