(Видео) Локални избори 2017/ Шемов:„ 15 Октомври е вистинска прилика да си ја вратиме ВМРО-вската гордост“

Кавадарци
Типографија

На денешната прес, престседателот на ВМРО-НП ОК-Кавадарци-Глигор Шемов ги повика членовите и симпатизерите на ВМРО-ДМНЕ да не ги подржат нивните кандидати.

Интегрален текст:

„Почитувани браќа и сестри ВМРО-вци членови на ВМРО ДПМНЕ,

ВМРО НП ОК Кавадарци Ве повикува да го искористите моментот и да ни се придружите во демонтажата на криминалното здружение предводено од фамилијата.

Со гласањето против кандидатите кои се предложени од актуелното раководство на ВМРО ДПМНЕ ќе и помогнете на партијата на која и припаѓате.

Спротиставете им се со тоа што својот глас нема да го дадете за кандидати кои немаат ништо заедничко со ВМРО. Доста им е на печалбарите кои го користеа и сакаат да продолжат да го користат ВМРО за свое лично богатење.

На Македонија и треба здрава десница која ќе биде исчистена од разноразните профитери и криминалци кои во изминатиот период максимално работеа за својот личен интерес притоа занемарувајќи ги идеалите на ВМРО.

Браќа и сестри ВМРО-вци, локалните избори кои ќе се одржат на 15 Октомври се вистинска прилика да си ја вратиме ВМРО-вската гордост. Се боревме за самостојна држава во 90 - тите години на минатиот век. Таа наша борба ја погазија профитерите и арамиите кои се накотија во ВМРО ДПМНЕ. За нивна жал, дојде денот кога сите тие ќе си одговараат за своите криминали.

Да си ја вратиме нашата вмровска гордост со тоа што ќе ги испратиме на буништето на историјата„се вели во изјавата на Глигор Шемов-претседател  на ВМРО НП ОК Кавадарци.

DITO

Следни настани

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Showers, 5 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:53 am   |   Sunset: 4:4 pm
87%     17.7 km/h     32.916 bar
Forecast
Нед Low: 3 °C High: 8 °C
Пон Low: 0 °C High: 3 °C
Вто Low: -2 °C High: 2 °C
Сре Low: -2 °C High: 1 °C
Чет Low: -5 °C High: 0 °C
Пет Low: -5 °C High: 5 °C
Саб Low: -2 °C High: 1 °C
Нед Low: -2 °C High: 1 °C
Пон Low: -4 °C High: 2 °C
Вто Low: -3 °C High: 3 °C