НОВА ГОДИНА НА ПЛОШТАДОТ СО КОЦЕВСКИ,БАДАСАЛ,ЛЕКСИКОН И ТРИЛОЏИ

Кавадарци
Типографија

Советот на Општината на својата трета седница ја донесе програма за одбележување на новогодишните и божиќните празници- 2018 година

Предвидено е : Во периодот пред Нова година со основните училишта, градоначалникот и Дедо Мраз да ги делат новогодишни пакетчиња за децата од прво до петто одделение на традиционалните новогодишни приредби .

Новогодишни пакетчиња општината има планирано и за децата од социјално загрозените семејства кои не посетуваат настава, за децата од специјалната паралелка, децата кои се на болничко лекување, здружението на слепи лица и други загрозени семејства.

Предвидена е и новогодишна детска претстава и изложба на Друштвото на ликовни уметници од Кавадарци.

Локалната самоуправа по едногодишна пауза се јавива како организатор на Програмата на Градскиот плоштад а  годинава ке се одржи и свечениот новогодишен прием кај градоначалникот за претставници од јавните и приватните комапнии,политичкиот и културниот живот, како и Здруженијата на граѓани и други поканети.

На Градскиот плоштад ќе биде организирана културно-забавна програма со настап на Кавадаречки групи-бендови се очекува на полноќ да се направи и новогодишен огномет. Оние што ке дојдат на Плоштадот на 31 декември ќе ги забавуваат рок составите Трилоџи, Лексикон и Бадасал, Водител и забавувач на вечерта е Диме Коцевски.

На 8 јануари ОМБУ „Лазо Мицев Рале“ ќе го одржи веќе традиционалниот божиќен концерт.

Од Општинскиот буџет ќе бидат издвоени 803.527 денари за програмата.

DITO

Следни настани

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Cloudy, 2 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:52 am   |   Sunset: 4:35 pm
95%     6.4 km/h     32.780 bar
Forecast
Нед Low: 0 °C High: 5 °C
Пон Low: -3 °C High: 4 °C
Вто Low: -7 °C High: 3 °C
Сре Low: -6 °C High: 2 °C
Чет Low: -5 °C High: 3 °C
Пет Low: -3 °C High: 5 °C
Саб Low: -2 °C High: 6 °C
Нед Low: 0 °C High: 7 °C
Пон Low: -1 °C High: 8 °C
Вто Low: -1 °C High: 10 °C