(Видео) Се градат улици, трототоари,kејот...

Кавадарци
Типографија

На неколку позиции се довршуват проекти од различен комунален карактер.Времето овозможува градба на отворено.

Од кабинетиот на Градоначалникот на Општiната  Митко Јанчев добивме опширна информација за тековната активност на планот на комуналната изградба во ноември и декември месец 2017 година.Поволните услови за градба овозможуваат услови таа да се одвива без застој, а ние би рекле дури и со засилена динамика ,  со намера  на Локалната самоуправа Кавадарци да се заврши ветеното, а граѓаните ги користат предностите од комуналните изведби.Во известувањето од Кабинетот се вели:

„Временскиот период без врнежи ја продолжи градежната сезона. Убавото време овозможи Општина  Кавадарци да работи на неколку проекти од Програмата за комунална изградба во 2017година.Зачера оперативата на фирмата „Изолација“ од Скопје изврши асвалтирање на дел од ул. „Дисанска“ над Градскиот стадион. Со овој зафат се подобрија условите за нормално и безбедно одвивање на сообраќајот.

Вчера и денеска, ангажираните градежни фирми работат интензивно на подготовка на подлогата за наредните фази од изградбата и тоа на улицата „Крсте Мисирков“ каде „Градба промет“ поставува нови рабници откако претходно го изгреба стариот асвалт и подготовка за поставување нов.

На ул. „Народен фронт“ се работи на подготвување на подлогата од тротоарот. Наредната фаза ќе биде реализирана деновиве со поставување на павер елементи. Општината очекува со овој зафат да се овозможи непречено и побезбедно движење на пешаците.

00000019991919.jpg

Интензивно се работи и на два крака од ул.  „Праведничка“ каде се поставува тампон, како вовед во следната фаза за асвалтирање. На овој потег се работи за продолжување на градежните работи во функција на подобрување на сообраќајното решение во овој југо-западен дел од градот.

Оперативата на фирмата „Жикол“ од Струмица, интензивно работи на поставување на павер елементи на неколку улици во селото Бегниште. Овој проект е значаен за жителите од ова село бидејќи пред почетокот на зимата ќе добијат неколку улици кои повеќе нема да им бидат проблем на бегништани, бидејќи ќе се покријат со бекатон коцки.

 

 

 

000001231111.jpg.JPG

Во делот на комуналната изградба продолжува и доградбата на третата фаза од кејот шеталиште. Оперативата на кавадаречката фирма  „Градба промет“ е во поодмината фаза на изградбата на страниците, како и на делот од шеталиштето од  двете  страни на минорното корито на  реката Луда Мара„, се вели  во известувањето до РТК.МК. 

DITO

Следни настани

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Showers, 5 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:53 am   |   Sunset: 4:4 pm
87%     17.7 km/h     32.916 bar
Forecast
Нед Low: 3 °C High: 8 °C
Пон Low: 0 °C High: 3 °C
Вто Low: -2 °C High: 2 °C
Сре Low: -2 °C High: 1 °C
Чет Low: -5 °C High: 0 °C
Пет Low: -5 °C High: 5 °C
Саб Low: -2 °C High: 1 °C
Нед Low: -2 °C High: 1 °C
Пон Low: -4 °C High: 2 °C
Вто Low: -3 °C High: 3 °C